Дај да се организираме на тие што ни е потребна, нека ни донесе некој од странство па ќе му платиме и нешто поскапо од тоа што се продава
https://www.cocooncenter.co.uk/gamarde-organic-sebo-control-balancing-fluid-40ml/45255.html Оваа ли? Ако имате некој во Англија да ви ја купи таму ја има.
Користам дневна крема од хормоцента со хијалуронска и сум ептен задоволна. Кожата ми е комбинирана, со изразена масна т зона и имам прилично суви делови кај образите, оној дел што ставаме бронзер и одлично ми ја негува кожата.
Дали можеби имаше некоја акција на произоводите на Биодерма или регулар цена е таа на оваа крема ? Фала ти
Е не знам. Мене ми се исплатеше бидејќи во странство ја плаќам 26 евра, што е дупло од цената во Мкд.
За жал ја нем...а и мене многу ми се допаѓаше. Гамард како марка е многу убава и валидна. @Cvyka Имаш разни сајтови кои испорачуваат до Мк не мора некој да ти носи од странство. Провери на нет ќе најдеш. Поздрав.
Фала мила. Ја нарачав денес на др. Хаушка задутре ке ми ја донесат се надевам дека ке биде добра. Не знаеа за цена да ми кажат па да не знаеш ти од прилика колку чини
Здраво драга значи до 1000 мкд може да ги пробаш следниве: 1. Др. Конопка крем за нормализирање на кожата околу 370 мкд 2. Алверде аква 24 околу 350 горе долу 3. Pulp de Vie perfect selfie која има мат ефект врз кожата и ја нормализира околу 800 4. Olival хидратантен крем за лице кој одговара за комбинирана до масна кожа околу 500-600 мкд За жал хаушка и логона не можам да ти ги препорачам малку се поскапи околу 1200 ти ми кажа до 1000. Одбери еден од овие. ПОздрав.
Јас ја користам онаа на Алверде, скоро ми е при крај и задоволна сум. Се мислам повторно да ја купам истата но ме загрижува фактот што содржи алкохол. Јас секако имам комбинирана/мирсна кожа и не сум приметила кремава да ми ја суши кожата поради тоа што содржи алкохол, но сепак, не можам да не помислам на тој факт. Какво е твоето мислење кон овие креми (особно овие на Алверде што скоро сите содржат алкохол (барем така мислам)) кои содржат алкохол во нивниот состав?
Драга за креми кои содржат алкохол не би се грижела многу од проста причина што германските марки како Алверде, Др. Хаушка, Веледа ставаат голем процент на масла и алкохолот на некој начин го олеснува кремот (секако ова зависи од крем до крем и од декларација до декларација) ако ги поредиш сите германски марки ќе забележиш дека е формулирани на ист принцип. Повеќе би се грижела доколку има алкохол во воден производ како на пример тоник или серум кој нема масна квота. Понатаму германскиве марки користат алкохол за д може да намалат со конзерванси кои сепак се присутни (алкохолот на некој начин ја помага конзервацијата на производот). Секако има многу креми без алкохол кои ми се допаѓаат премногу како на пример онаа на Конопка и онаа на Pulp de Vie која е веќе француска козметика и функционира на сосема друг пристап и филозофија. Земи ја за пример Гамард исто така гранцуска козметика, функционира на ист принцип како Pulp de Vie. И вушност кремите себо контрол на Гамард и оваа на Pulp de Vie имаат и двете сличен мат ефект врз кожата. Зависи од земја до земја и секако од производител до производител. Поздрав.
Ти благодарам на исцрпниот одговор. Секогаш даваш добри и што е најважно поддржани со факти, совети. Ти посакувам убав ден!
Здраво, дали некој ја има пробано оваа линија од еуцерин да сподели искуства? Јас имам комбинирана кожа со масна т зона склона кон акни и неправилности, сега особено со маски дополнителна иритација ми се прави, речиси се од козметика имам пробано и ретко што ми одговара и затоа ми е страв да ризикувам затоа што развивам алергиски реакции Ви благодарам однапред