Ecco Verde, мислам вршат достава до МК. А и да додадам, за кремата на Др.Хаушка (за сува кожа) сум слушала само убави искуства. Јас лично ја имам користено само таа за комбинирана кожа (на лето), и многу ми одговараше, верувам и другава е убава.
Zdravo, nekoj ako moze da mi preporaca dobra hidratantna krema za lice za kombinirana koza, no dehidrirana.
Мислам дека и двете може да ти завршат работа. Јас имам комбинирана, и двете ги имам користено и уште ги користам. Убави се, со тоа што на Натура Сиберика има покремаста, погуста структура, а на Конопка како да е повлажна, и како да не се упива одма, имаш такво чувство, но после убаво легнува.
@Luminary @eva993 се согласувам женски со вас , кога купувам органски производи секогаш нарачувам од странава
@Biodevojka што мислиш за користење на витамин ц во прав што се продава како додаток во исхрана( l ascorbic acid) конкретно од ДМ. Наместо серум со вит Ц. Односно правот да се измеша со дневна крема и така да се нанесе
Зависно која возраст си и каква проблематика имаш. Ако си млада и целта е само да го одржуваш лицето, можеш да користиш крема од полжав. Лицето го прави меко, здраво, влажно, но не масно. Има крема на Викторија, има уште една српска во ДМ (ги имам користено) и исто ми беше препорачана кремата од полжав на фб што се продава, зелено пакување ( не ми текнува на името).
Јас ја имам користено само таа што е како желе. Интересна структура има, лесно се нанесува, се чувствува неколку минути како лепи и затегнува. Мене ми се свиѓа многу како подлога за шминка.
Здраво драга, за жал вит. Ц во таа форма l - ascorbic acid е нестабилен и веднаш оксидира. Може да го користиш за подготовка на тоник за лице кој е феноменален (јас го правев во текот на летото навечер. Витаминот Ц во оваа форма е најактивен и кожата има поголеми бенефиции отколку неговите стабилни форми. Во крем нема да може да го внесеш затоа што после еден ден ќе оксидира и кремот ќе стане жолт и ќе треба да го фрлиш. Еве во оваа статија имам кажано како се подготвува серумот од Ц витамин. https://biodevojka.blogspot.com/2016/03/blog-post_4.html Драга опиши ми ја кожата и кажи до која цена може да платиш за крем, со цел да ти дадам предлози. Поздрав.
Здраво @Biodevojka , кожата ми е нормална до комбинирана,со што имам мастење на т зоната,но за разлика од порано сега ми е намалено мастењето,исто така имам dull skin, некако кожата ми изгледа ненахрането и уморно и тоа многу ми смета,ако имаш некои предлози за крема до 1000ка, слободно предложи
Драга она што ќе ти го предложам за твојот вид на кожа е Dr. Konopka calming cream одличен за комбинирана кожа, смирува евентуални црвенила и одлично ја хидрира кожата. Други девојки од форумов ми имаат пишано фидбек дека како производ е прекрасен и многу ефикасен. Цената е 380 мкд. На Хаушка се поскапи од 1000 мислам дека беа 1200 (барем тој со мелиса или роза лајт кој е погоден во твојот случај), евентуално на Лавера некаде е околу 1000 мкд од линијата сенситив за нормална кожа. Сепак според мене за твојот тип на кожа најмноги ќе одговара Конопка. Еве за кој производ станува збор. Исто така да не заборавам го имаш и од Алверде аква 24 еве овој