Форумџика на годината

Каква крема за лице користите?

Дискусија во 'Лице' започната од SpoiledBaby, 22 април 2010.

  1. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
  2. QueenBeyonce

    QueenBeyonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски
    Јас ја земав во Куманово во Cosmo. Мислам дека ја видов пред недела дена. Ја имаа.
     
  3. cottonball

    cottonball Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2018
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми пуштиш слика на лп како изгледа?
     
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    96.976
    Девојки, дали е погодна кремава да се користи за лице во постудените месеци?

    Polish_20201018_200021067.jpg

    Polish_20201018_195947567.jpg
    @Biodevojka , @eva993 ?
     
    На eva993 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. QueenBeyonce

    QueenBeyonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски
    Ако имаш сензитивна кожа одбегнувај креми со алхохол и парфем.. Мене лично кожата лом ми ја прават.. :(
     
    На Aschenputtel и Emy867 им се допаѓа ова.
  6. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.912
    Пол:
    Женски
    Ја користам Weleda Skin food кремата скоро месец дена. Одлична е. Кожата на лицето ми е како бебешко газе. :D:inlove:
     
    На poppie и eva993 им се допаѓа ова.
  7. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    525
    Пол:
    Женски
    Јас би рекла дефинитивно да. Гледајќи по состојките особено е погодна за сува кожа, а во студените месеци е периодот кога сувоста кај кожата е најизразена.

    Ја немам оваа често користено (мислам само 1 или 2 пати), но знам дека е погодна и за лакти, усни и останати суви делови, кои страдаат за време на зимата. И секако за лице. :)
     
    Последна измена: 18 октомври 2020
    На Biodevojka и Emy867 им се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    96.976
    Па и јас што читав рецензии пишува дека е доста богата крема и гледам луѓе и за тело ја користат често, па викам да не е премасна за лице, да ми затвори пори, појави црнки и сл.
     
  9. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    525
    Пол:
    Женски
    Доста е хидратантна, но не е тешка. Тоа е многу важно, особено за сензитивна кожа. Има дискретен цитрусен мирис, по мој вкус пријатен, бидејќи обожавам цитрусни мириси.

    Е сега малку повеќе време треба да се упие во кожата, така што тоа може некого да го нервира малку, на пример мене. :$

    Индивидуално искуство е, јас би ја оценила како солидна. Види за тебе ако се решиш да ја пробуваш, ако осетиш чешање или затегнатост при нанесувањето, тогаш можеби нема да ти одговара. Не зборувам само за оваа, општо за Германски креми што содржат алкохол.
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Во ред е. Не грижи се за алкохолот маслената фаза е доста силна нема да ти прави проблем. Истиве формули ги има и Хаушка (сепак сите германски фирми се исти кога ќе се подзамислиш). Лавера е убава како марка/ Слободно земи ја

    Да се самоцитирам. Кога сме веќе кај Лавера моментално ги тестирам овие две креми за повозрасна кожа и мора да кажам дека многу ми се допаѓаат. За сите оние 40 па нагоре ви ги препорачувам од срце. Ќе направам и статија. Навистина многу богата формула и одлична хранлива и хидратантна моќ.

    IMG_20201020_214752.jpg
     
    Последна измена од модератор: 21 октомври 2020
    На Katie90, Annath, poppie и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Bounty

    Bounty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Здраво, да ми предложите некој ефикасен корективен крем за лице за 30+ можи и во комбинација со серум. Користам најчесто лореал ставам и серум, лицето ми е убаво хидрирано, но почнаја да ми се јавуваат мали брчки забележав на устата една мала браздичка, а челото скроз ми е збрчкано.
    Од зегин ми го препораја Gerovital. Ваши искуства?
     
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.745
    Допаѓања:
    16.432
    Пол:
    Женски
    Моментално ги користам овие две креми , Аnew дневниот крем и од Farmasi крема за лице од роза, во зависност од тоа како ја чустввам кожата на лицето. Може да ми каже некој мислење за состојките на овие две креми?

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  13. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Брчките што веќе ги имаш не може да „се избришат" со било кој козметички производ, може само да се намали нивниот изглед. За целосно да ги снема може само со корективни пластични процедури.

    За понатамошно забавување (значи не може да се спречи, само да се забави) ќе ти помогне само долга употреба на производ со некаков вид на ретиноид. Не знам за аптекарските брендови, но знам дека од обичните брендови што ги има во dm или по маркети тешко да имаш некаков ефект бидејќи користат ретиноиден естер retinyl palmitate, кој е премногу слаб и не се ни знае колкав ефект има на кожата. Ако успееш да најдеш во аптека производ што содржи retinol (види во листа на состојки), тогаш супер.

    Ако не, поедноставна и поевтина опција ти е да ги разгледаш серумите со ретиноиди на The Ordinary (во било кој да отвориш имаат листа од сите ретиноиди, нивната јачина и можноста за иритација).

    При почнување со користење на ретиноид има шанса да се јави сувост, лупење и иритација на кожата што би требало да се регулира по некое време. Ако не се регулира, или не си дала доволно време или едноставно не го толерираш ретиноидот и не е за тебе (ако иритацијата е преголема): или целосно не го поднесуваш или треба да почнеш со употреба на послаб ретиноид, да создадеш толеранција, па потоа да продолжиш со појак ретиноид.

    Поради оваа причина се препорачува секогаш да се почне многу полека со ретиноид и да не се брза со зголемување на концентрации. Начини за намалување на овие споредни ефекти се:
    - почнување со употреба еднаш седмично, па постепено зачестување
    - ставање на ретиноидот после кремата, со цел да се намали неговата јачина.
    Откако ќе си сигурна дека добро го толерираш (може и брзо да увидиш дека лесно го толерираш), можеш да зачестиш со негова употреба и да го ставаш пред кремата, со што ќе добиваш појак, а со тоа и подобар и побрз ефект.

    Ретиноидот се става на сува кожа (значи ако го ставаш над крема, почекај добро да се впие) и препорачливо е да се користи навечер, бидејќи преку ден ја прави кожата чувствителна на сонце. Ова се избегнува со користење на добра крема со висок СПФ и со нејзино редовно реаплицирање, но сепак, посигурно ти е да го користиш ретиноидот навечер.

    Се разбира, сѐ ова е бескорисно доколку не носиш СПФ крема секој ден, преку цела година, бидејќи брчките доминантно се формираат од сончевите зраци, поконкретно од УВА зраците (УВБ се тие кои предизвикуваат горење, УВА не се чувствуваат), кои се присутни преку целата година (и кога е облачно, кога врне дожд и снег, за разлика од УВБ кои ги има кога е сончево, односно се најсилни во лето).
     
    На inception му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bounty

    Bounty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Ти благодарам за деталниот одговор многу ми помогна
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, од она што го гледам користиш комерцијална козметика...Она што јас би ти го препорачала е следново:


    1. обавезно премини на природна козметика, меѓутоа не поради фактот што ќе ти го реши пробемот со брчките, туку ќе ги тргне силиконите од лицето и ќе ја потпомогне правилната природна регенерација на кожата. Како наш најголем орган кожата апсорбира сѐ што ќе и дадеме така да доколку нанесуваш производ со состојки кои се компатибилни со самата структура на кожата, во тој случај го подобруваш квалитетот и еластичноста на кожата. Од еластичноста на кожата зависи појавата на нови брчки секако. Колку кожата е поздрава и поеластична поубаво ќе изгледа. Стареењето е секако неминовен процес не може да го спречиме, ама може да направиме нешто за што подолго да го задржоме убавиот изглед на кожата. Најважно нешто е правилната физиолошка заштита на кожата, ако таа е во дисбаланс и не функционира правилно сѐ е залудно. Тоа претежно се случува кога настанува алтерација на ПХ вредноста на кожата или неправилна хидратација. Губитокот на повеќе вода секако допринесува до предвремено стареење.

    2. Масажа...многумина ја потценуваат ама според мене бр. 1 за здрава и убава кожа е секако масажата. Го подобрува дотокот на кислород во самата кожа, ја прави посјајна и поубава и е одлична во случај на мимички брчки кои верувај ми не се за потценување. Во една книга за козметологија и физиологија на кожата се вели дека ние сме составени од: кожа, мукули и крвни садови (ова секако кога станува збор за нега на кожата нели). Токмузатоа како што ги вежбаме мускулите на телото и правиме масажа за подобар и потоничен изглед на кожата, така и за лицето важи истото. Јас лично секоја вечер пред спиење на исчистено лице и нанесен производ правам масжа од 15 до 20 мин, особено онаа за опуштање на мускулите на лицето. Секој од мускулите кој предизвикува т.н. мимички брчки има свој контрамускул (да го наречам така) однодно еден предизвикува мрштење и ја влече кожата надолу а другиот во спротивен правец (ја крева нагоре). Она што е многу важно најнапред пред спиење да се опуштат мускулите, а потоа да се работи на оние кои креваат нагоре. Исто така од одлична помош е ролерот кој го користам веќе две ипол години и гледам голем резултат. Јас имам 42 години и гарантирам дека никогаш не е доцна да се почне со ова (резултатот секако зависи од состојбата на кожата). Еве ти неколку мои видеа во кои говорам на оваа тема (повеќе ќе најдеш на мојот јутуб канал да не ставам сѐ овде).






    3. Користење на производи со антиоксидантни состојки на пример вит. Ц може да биде од голема помош. Јас сум на мислење дека СПФ се користи во текот на цела година само кога има сонце (кога нема не се става СПФ). Ставање на филтри особено доколку се хемиски и кога нема потреба од тоа може да биде контрапродуктивно за кожата. Од УВА зраците кои продираат подлабоко и се причина за предвременото стареење на помош доаѓаат токму антиоксидансите (вит. Ц, вит. Е, ектоин) итн. Од срце ти препорачувам да го пробаш тоникот со Ц виtамин за кој имам говорено во оваа статија, нешто најдобро што може да го направиш за кожата за не повеќе д 50 мкд (за таблетки Ц вит од 500 мг и дестилирана вода од аптека). Еве ти линк од статијата на оваа тема.

    https://biodevojka.blogspot.com/2016/03/blog-post_4.html

    Некои производи кои сум ги пробала и се одлични како формула и антиоксиданднто дејство се:

    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    Поздрав
     
    На Bounty и poppie им се допаѓа ова.
  16. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Девојки, ќе ве молам да ми препорачате добра хидратантна крема за комбинирана кожа?
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.637
    Допаѓања:
    106.672
    Пол:
    Женски

    Natura siberica Snow cladonia ако си над 30 год. Ако си под 30 , Sophora japonica
     
  18. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Каде можам да ги најдам? Ти благодарам.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.637
    Допаѓања:
    106.672
    Пол:
    Женски
    Во Белина :)
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    4.728
    Пол:
    Женски
    Препорачајте ми хидратантна крема за дехидрирана кожа на лице, по можност од ДМ:)