Вие што имате од кремиве на Натура сиберика , кажете ми начин како може да ја извадам пумпицата? Ми падна на плочки и сега не сака ништо да извади од внатре , а само две недели ја имам кремата. Нема дел што се одвртува..
Не се одвртува, горниот дел е ставен како капаче. Земи од алатките за кршење ореви, стисни го со најширокиот дел на долниот раб од пумпицата, кај што е ставена на шишето и заврти, ако ништо друго, од притисокот треба да се отвори.
Девојки може предлог за нормална кожа склона кон акни? Составот не е важен, до сега ја користев ноќната крема ultra sensitiv од balea и супер ми беше, но сега со последно време ја чувствувам како недохранета кожата. Ќе ја тагнам @Biodevojka, секој предлог е од помош.
Бев вчера во ДМ, и ја барав кремата на Натура Сиберика, затоа што вчера ве читав, и видов дека ја фалите. Ја немаа таа, па завршив со крема на Нивеа за сува кожа, и уште една крема со Макадамија, оти знаев дека убаво ќе мириса. Таа со Макадамија почнав да ја ставам навечер, а Нивеата од сабајле. Има минимално подобрување на лицето, ама и не очекувам резултати одма, затоа што фазла од 10 месеца немам ставено ништо на лицево освен што го мијам. И почна да ми се суши ептен, и да ми станува како серт книга, гребеше многу. На баба и е помазно. Ама, од Нивеава и не сум баш задоволна, некако ми свети, и кога ќе се допрам до него како да имам пудро ставено. Да ја потрошам и ќе побарам пак оваа што ја фалите, се надевам со неа убаво ќе го осеќам лицето. Се запуштив скроз, гледам да се вратам во нормала, затоа што последнава година изразот ми се смени на постаро. Знам дека натаму одам, ама порано се негував, а сега не. Крајот беше кога една жена ми даде 35 год, а јас уште немам 30 ! Морам да се земам на себе, вака не бива и не личи. Што мислите вие, ќе се уптрави ли малце од малце лицево ?
Драга ако бараш совет од мене составот и те како е важен Во зависност од она што може да го одвоиш за крем еве препорака со различни цени (ти сама одбери) 1. Др. Хаушка мелиса 1200 мкд 2. Оливал екстра хидратантен крем 580 мкд 3. Др Конопка калминг зелениот 380 4. Алверде аква сензитив околу 250 мкд Обавезно би ти го препорачала спрејот на новексперт со цинк одличен е за кожа склона кон акни. Моментално е на попуст во ДМ. Поздрав.
Се нанесува наутро по третманите за лице (зависи што користиш серуми,клинсер...) оваа е дневна крема,има и ноќна крема и таа е прекрасна исто. Можеш да ги порачаш на сајтот на белина мк.
Препорачајте хидратантна крема за нормална/комбинирана кожа. По можност во ДМ да ја има, и со пристапна цена. Фала однапред
Иста сум и јас,моментално ја користам cera di cupra, ама веќе ја нема по аптекиве друго незнам што би користела како замена ако не ја најдам
Weleda skin food, ја имаш во Зегин и на акција ти е сега во Ани Фарм во Капитол. Има и лајт верзија. И двете се предобри за сува кожа. @Mom_3
Се мислам помеѓу Weleda skin food оригиналната и лајт верзијата, ме интересира по составот која е подобра. Знам дека оригиналната верзија е погуста, но доколку по составот е подобра би го издржала тој масен финиш. Ако е ист тогаш да си ја земам лајт верзијата.
Составот е во ред и на двете. Јас лично би одела со лајт, доколку е за на лице и секојдневна употреба. Другата би ја користела пример за раце, или за други делови од телото кои се многу суви.
стави ми декларации драга па ќе ти кажам јас која повеќе ми се допаѓа. Најисрено никогаш ги немам видено овие...