Здраво Кремава ја користам долго време и се покажа како добра. Дали во состав има штетни состојки? Да направам пауза
Не е мое да ти давам совети за пауза, но ако со штетни состојки мислиш силикони, нафтени деривати и сл., оваа крема има, да и тоа во изобилство. Силиконот е на втората позиција со најголема процентуална затапеност по водата.
Jас користам крема од невен веќе неколку години и сум многу задоволна. Лицето подобро не ми било никогаш до сега.
Ја имам користено кога имав премногу сува кожа едно зимо,ми се лупеше. Супер е помага, но според мене најдобро е да земеш Софора Јапоника на Натура Сиберика за суво лице. Ќе те прероди,а и повеќе ќе ја користиш.
Првата е за многу сува кожа, а втората е полесна како производ. И двете се ок. Стануваше збор за веледа така? Ако да во тој случај ланолинот е ок. Поздрав. Драга штом стигнав до силиконот на втора позиција престанав да читам. Мој совет ти е да си најдеш природен крем кој ќе ја помага физиолошката функција на кожата (ова е само совет, ти секако имаш право на избор). Поздрав
Здраво Биодевојка, помеѓу овие две креми која би ја одбрала ти, за комбинирана кожа но исфрлена и без сјај и живот. Благодарам Едит еве состав за кремата од Натура сиберика
Тогаш за тој тип ти се овие креми: Имаш и дневна крема од оваа линија, не можам да ја најдам на сајтот. Ја имаше само ноќната. Јас ги користам и многу ми се допаѓаат.
Ајде и за мене некој предлог, комбинирана накај мрсна, со по природем состав досега користев Алверде и Флеуранс ама кожата ми се презасити од нив.. Инаку станува збор за млада кожа, 20 год.
Јас имам масна кожа и Натура јапоника ја користам за нокна крема, да дневна ја имам Конопка зелената и сум ептен задоволна- смирена и мазна кожа.
Да се надоврзам на коментарите погоре за кремата од Др.Конопка. Ја користам 2 недели, можеби нешто повеќе и засега сум супер задоволна. Има преубав мирис, лесна е и не го масти лицето. Инаку и јас сум со мрсна Т-зона а суви останати делови кои буквално ми се лупеа и ми се многу подобрени откако ја користам.