Моментално користам дневен гел-крем за матирање на кожата Optimals Matte Touch. Задоволна сум од резултатите кои ги дава. Ги матира масните делови и ги хидрира сувите делови, совршено за комбинирана кожа како мојата. Многу сум задоволна.
Дали некоја од вас има користено сатва крем со овошни киселини? http://www.alkaloid.com.mk/sattwa-krem- ... 55-ml.nspx еве ваков е....некако во објаснувањето ми е интересен па ако има некоја користено нека сподели искуство
Doliva , незаменлив е . Откако го користам него немма сменето друг крем ептен ми одговара на кожата а и на природна база е..Од самиот мирис се успивам
На Бекутан им заколната на верност до смрт, но очигледно со новата амбалажа сменија и формула. Не очигледно, туку сигурно лицево џоа пубертетлика во цутот на бубуљичавите денови ми се направи, и не беа како продукт на ПМС, туку најверојатно на Бекутанот зошто ништо не ги чистеше нит лосион, нит редовен пилинг, ни гел за миење лице, се додека не го пенизонирав Бекутанот. Незнам другите дали приметиле, ама мене ме „осакати“ и во блиска иднина не планирам да му се вратам. Сега користам Павловичева, и за помалку од месец дена лицево ми се исчисти, бубулиците ги снема за сигурно 90%. Јез да е мрсна и тешка, ама после сапунот од зелен чај и краставица на мојата и онака сува кожа и треба хидратација. Ете ваква е . Зошто не оди оваа мрснотија да ја ставам како подлога за пудра, имам една на Нивеа, лесна е, за помалку од минута се впива, не сјае и мимално го изедначува тенот зошто има некоја кремкаста боја. Еве и од неа сликичка
Сега почнав да ја користам оваа од Авон: И е прва што ми одговара,таман не е мрсна. Пред тоа не ставав ништо бидејќи кожава не дека ми е проблематична туку едноставно не ми впиваше никаков крем.
И јас сум презадоволна од оваа. Многу убаво го прави лицето, некако го изедначува тенот, а и одлична е како подлога за пудра.
Немам користено ваква крема, само да ти посочам дека не треба да се користи во сончевиот дел од годината, поради овошните киселини (совет од мојот дерматолог). Ако си на ум да ја купиш, користи ја до март, април.
Јас ја користев минатата пролет, ја добив на подарок и некако многу сува ми беше, за мојата кожа. Јас имам сува кожа, па ептен мрсни и екстра хидратантни креми ми одговараат, од други ми се прават лишаи, и како да ми се перута кожата. Доколку имаш нормална или мрсна кожа би требало да одговара, јас го користев и лосионот на Сатва, и немав некој ефект зошто не ја ни корстев долго, недела дена, после и ја дадов на свекрва ми, зошто не ми одговараше. Нејзе и беше супер, барем така викаше. И некако како за зрела кожа ми е кремава, незнам колку години имаш, но јас да си кажам.
Ја користам кремата Natural Correcteur на база на минерали од Dalton козметиката и сум презадоволна, многу ми е убава кожата кога ќе ставам од кремата, содржи минерали и витамини и го заштитува лицето од студот (https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... 017&type=3)
Имам прилично суво лице..зависи како кога ..летно време ми е помрсна кожата...сакам да ми препорачате подлога за Bourjois Flower Perfection пудрата. Ја купив пред некое време е сега ми се перута кожата дури и кога ке ставам павловичева како подлога и онаа од нивеа деј кер ...хелп