Оваа е за комбинирана и масна кожа И јас сум во клубот на задоволни, иако на почетокот бев скептична. Наизменично ги користам со кремите со софора јапоника на Натура Сиберика исто за комбинирана и масна кожа.
И јас се пријавувам со вас како задоволна од Натура сиберика кремите , ги имам пробано и Софора јапоника за мрсна кожа , сега ја користам дневната Сноу кладониа ама оваа е за 30+ и за сите типови кожа. @malooto ако си 30+ можеш да ја пробаш и оваа крема, јас имам масна кожа и не ми ја мрси. Многу ми се допаѓа и мирисот на кремиве, мирисаат сите баш убаво на нешто чисто, свежо (лично имам проблем со миризбите на некои производи )
Зелената крема од др.Конопка, Calming face cream, еве баш погоре е постирана. Од Bellina.mk ја нарачав.
аНесум 30+ама ближам на 30 за некојси 3 години. Инаку немие мрсна туку комбинирана со суви делови но и исфрлана со мозолчиња. Појма немам како даја клссифицирам. Инаку во потрага сум и по гел или пена за миење сакам да створам некоја рутина на кожава. До сега немав потреба за ништо посебно но во последно и те како си бара кожава нега а јас незнам од каде и како да почнам
@malooto која и да земеш од овие гореспоменатите креми нема да згрешиш. И @buba4e89 таа што ја постирала е супер, иако е за масна кожа не е мат кремава во никој случај, истовремено и убаво хидрираат. Ти штом имаш и суви делови нема да ти ја суши кожата. Оваа сноу кладониа е нешто похидратантна, а не е мрсна. Јас пена би ти препорачала за миење, гелот повеќе ја суши кожата и ќе ти направи проблем на сувите делови. А лосион, јас го користам тој лилјаковиот на Др.Конопка, многу сум задоволна, не содржи алкохол, не ја суши кожата Кремата шѕо моментално ја користам е оваа
Земи пена за лице, како што ти кажала @koritsaki, и тоа за осетлива и сува кожа, без разлика што имаш комбинирана. Мене сите гелови ми го сушеа лицето, а од пена ми е поубаво, го осеќам чисто, а не пресушено. После тоа тоник, и на крај крем. Макар што ни тоник не мораш. Ако користиш шминка често, тогаш ти е потребен и добар чистач. Ако не си по шминкањето, доволни ти се пена и крем.
Јас ја користам оваа крема година дена и сум многу задоволна. Имам нормална кожа, масна Т зона но многу осетлива. Доколку може мислење да каже @Biodevojka да каже мислење во однос на составот па може и препорака за нешто друго
Драга кремов воопшто не е природен има силикони, ПЕГ, карбомер, полисорбати.. Ако ти одговара слободно користи го, јас само кажувам мое лично мислење дека воопшто не ми се допаѓа и дека има многу подобри природни креми кај нас на пазарот. Драга кога на втора позиција видов петролатум престанав да читам. Полна е со навтени деривати. Поздрав
Откако ја купив Weleda skin food не можам да замислам друга крема. Не е за под шминка, но бидејќи со маскиве и не ставам пудра, па кожава ми се препороди за една недела. Никогаш не сум сакала тешки креми, но оваа ми е предобра. Дефинитивно понатаму ќе ја купам и лајт верзијата за преку ден.
За сува кожа. Ја купив во Ани фарм кога беше на попуст, 500 ден намалена од 625. Имаат и онлајн да нарачаш.
Апдејт.. Ако некој ја бара, ја има во Космо,и стварно е предобра, прв пат ко ке станам од спиење да не ми е масна т зоната.