Може да ја користиш, слободно. Само не се откажувај ако на почеток ти се чини дека не ти одговара. Дај и шанса подолго време.
Може ли препорака за крем за лице,за над 35 год.против брчки за сув кожа?Досега ги имам користено кремите на биотен,ама сакам нешто да сменам.
Многу ја фалат колекцијата од Алверде со гоџи-бобинки. Си имаат мислам цела колекција, но ги немам пробано, имам уште некоја година за нив. Мене ми се свиѓа кремата на Хада Лабо, неа ја користам и мислам дека има уште една со анти-ејџинг состојки. Дај ѝ шанса, таман сега околу празниците често се погодува да бидат на попуст, држат добра цена тогаш.
Азалеа, зависно до која цена сакаш. Јас сум задоволна од Fleurance Elixir Royale, ја имаш во Зегин околу 1000 денари, ама вреди секој денар. Органска козметика е. Поефтина варијанта има од Revuele, исто органска, малку е полајт од оваа погоре, ама мене ми се допаѓа и таа. Околу 300 денари во ДМ. Често и на попуст, па излегува око 230-250 денари.. Лично мене Алверде воопшто не ми одговара, како лицето да ми е алергично на нивните креми. Им давав шанса, ама секоја на крај фрлам. Не ми се воопшто впиваат. Хада Лабо би инвестирала во серум, тој е околу 1000 денари исто, ама многу го фалат. Не значи дека на сите ќе одговара нели, ама треба да се проба. Ќе го земам тој следниот. И јас сум чудна. Кога нешто ми одговара место да се држам до тоа, јас мора да експериментирам. Па сега загледав во ДМ Гарниер Био, се мислам дал да пробам и таа.
@Mishela ,@Sky-butterfly Фала на сите за предлозите,ќе ги проверам овие што ми ги препорачавте,па ќе видам што ми одговара ќе пробам
Здраво девојки.. сакам да го купам OFFICIAL HADA LABO TOKYO SUPER HYDRATOR LOTION 150ml од дм. Видов на претходните страници дека го фалите, но не најдов ништо за составот. Ова е неговиот состав: Butylene Glycol, Pentylene Glycol, Glycerin Hydrolyzed Hyaluronic Acid, PPG-10 Methyl Glucose Ether, Sodium Acetylated Hyaluronate, Sodium Hyaluronate Дали ќе може некој што знае да пише мислење за составот? @Biodevojka Ви благодарам однапред
Леле драга ако ова е декларацијата во тој случај е убиство за кожата. Бутилен гликол на прва позиција неверојатно могу ја разредува кожата односно го разградува заштитниот филм на кожата. Јас лично не би го земала никогаш за себе ти секако имаш право сама да одлучиш. Поздрав. п,с, баш се спремав да пишам во темава. Тестирам моментално еден преубав крем ама навистина сум воодушевена...Овој на Pulp de Vie Немам пробао вакво нешто...веднаш се впива, не ја масти кожата, неверојатно е хидратантен, одличен за комбинирана кожа на која и е потребна хидратација...Навистина сум воодушевена...
Да ве прашам, има ли некоја од вас што користи крем со витамин А? Кога го ставате, навечер или наутро? И дали може да се комбинира со серум со витамин Ц? Имам крем со витамин А на True Alchemy, два-три пати го имам ставено, убав ми е на кожата, ептен мазна ја осеќам, ама некако како да не ми е доволен само крем после тоникот, па сакам и серум да вклучам.
Здраво драга овој крем го немам пробано, ама нема никаков проблем да се комбинира со серум. Јас лично би ти препорачала серум сквален плус кој е преубав со масло од шипка, вит. Е и други масла. Доколку кремот не ти е доволен прави вака: стави на раката крем (онаа количина која нормално ја ставаш) и додади неколку капки од серумот. Убаво промешај со прстите и нанеси на лицето. На тој начин ќе го збогатиш кремот, а маслото многу побрзо и подобро ќе се впие во кожата благодарение на емулзијата од самиот крем. Ова е многу подобра варијанта отколку серум на водена база. Поздрав.
Што би казала за Vichy? Имам 33г и сакам anti-aging крема па се мислев за нив؛ А таа pulpe de vie каде е достапна?
Драга Vichy не е ниту природна ниту органска козметика така да се оградувам од коментар. Ако сакаш стави декларација во соодветна тема па да ти кажам нешто повеќе според неа. Оваа на pulp de vie ја има во ДМ и онлајн на bellina.mk. Имам две оваа што ви ја покажав и една анти ајџ за први брчки која исто така е преубава. Оваа е повеќе за оние кои имаат комбинирана до масна кожа. Плус е антиоксидантна и веднаш се впива. Поздрав.