https://www.dm.de/alverde-naturkosm...hydro-cremegel-meeresalge-p4010355383037.html Јас ја имам користено оваа и бев доста задоволна. Добро ја хидрира кожата и се исплати за цената. Имам мрсна накај комбинирана кожа инаку.
Имам серум со хијалуронска киселина на Еуцерин. Брзо упива, мириса прекрасно и бидејќи навечер го аплицирам, сабајле кога ќе станам, лицето ми е свежо, мазно, со радијантен изглед. После него ставам крема на Vichy. Комбинација комбо за топ кожа
И јас го користам некое време и навистина ми се допаѓа. Веднаш по нанесување чувствувам разлика, кожата е plumped. Инаку имаат и креми од оваа линија за 30+. Претпоставувам имаат за различен тип на кожа.
Здраво драга го има на bellina.mk околу 885 мкд. Имам направено и рецензија ако те интересира еве ти линк од рецензија на истиот. Поздрав https://biodevojka.blogspot.com/2020/12/blog-post.html
Ја зедов минатата недела од Зегин на намаление. Презадоволна сум засега. Перидов слабо пудри користам па се почастив со кремава колку да ми мине кефот, ама баш се погоди!
Уште малце ќе ми се потроши дневната крема. Од кој аспект си задоволна? Сакам повторно или Vichy или Eucerin da земам.
Подолго време ја држи кожата хидрирана за разлика од претходните креми што ги користев.И после неколку часа лицето на допир е меко и хидрирано. Јас периодов сум во трка со времето и немам време баш да се средувам и да се тинтрам ко претходно па ова ми е идеално решение. И еуцеринот беа на намаление во зегин, кремата(обичната)беше околу 300 ден намале на од 550. До кога им трае попустот не знам. Јас од еуцерин CC cream не сум задоволна, 2 тона имаат само едниот премногу светол ми е а другиот темен. Го зедов посветлиот и се зезнав.Кремата не сум ја пробала ама не верувам да е подобра од Vichy. Нема грешка со оваа линија,порано пудрата ја користев од Vichy и не оксидираше на мене со часови.
Приметив дека делот од лицето кај слепоочници од време на време ми се суши и како корупки имам. Веројатно настанува од некој препарат или пак од променливово време овде. Што да земам како превентива за тој дел само?!
Здраво драга мене лично не ми се допаѓа. Нјнапред поради хемиските филтри (сигурно е крем со спф) потоа доста е хемиска како производ има по некој силикон, акрилати итн. Кажи ми каков производ бараш и за која намена па можеби ќе можам да ти помогнам. Поздрав
@Biodevojka ти благодарам многу за одговорот. Баш се изненадив за кремава, имав слушнато убави работи. Од Uriage е,затоа ја земав мислев природна козметика и плус заради добрите рецензии. Има спф и е antiredness . Имам склоност кон вцрвенување на кожата и еднаш на козметичар ми кажаа купероза дека имам. Во моментов дојам и затоа сакав некоја природна козметика, ама ете лош избор сум направила. Сакам хидратантна и антиејџ крема, 37 години имам,кожата ми е чувствителна претпоставувам заради црвенилото кое ми се појавува иако не го имам целовреме, најчесто топло кога ми е или алкохол кога ќе се напијам, други проблеми немам,чиста кожа, убав тен, брчки мимички на чело.
Ја користам Fleurance nature со алое вера и сум многу задоволна, но ми е прикрај. Се двоумам дали повтороно да ја земам истата или да ја пробам Weleda skin food. Искуство со Weleda skin food?
Кога ќе ти се потроши таа, пробај ги Natura Siberica дневната и ноќната крема за комбинирана кожа, ги има во Белина презадоволна ќе бидеш.
Повеќе е за нормална накај сува кожа или за пред спиење ако не ти е важно дали ќе светнеш. Но убаво хидрира. И општо од кремите на Афродита сум задоволна.
Па генерално таква е и мојата кожа, само на Т-зоната знае да се масти и тоа само во одредени денови од месецот. Ми треба нешто за хидратација, така што ќе ја пробам. Видов и една крема од невен, исто од Афродита... да не си ја пробала и таа?
Имав од невен одамна но како во метална кутија беше и многу ми беше мрсна, како мелем беше. Види ја таа со бадем или со арган, таа ми се допаѓаше исто.
Дали сте ја користеле оваа крема на Виши? Моментално е на попуст состојките се добри и според рецензиите на интернет доста ја фалат за изедначување на тенот, темни дамки и пополнување брчки..