За сите типови на кожа е, јас имам мрсна кожа и добра е сега за ладново време. Густичка е и верувам и на тебе ќе ти одговара. За 30+ е Ја има во Белина , може имаат тестерчиња па можеш да ја пробаш пред да ја купиш.
Здраво Ми треба помош околу изборот на крем. Имам комбинирана кожа, не можам да кажам дали кон сува или кон мрсна, затоа што и на челото кај што е мрсна, ми се лупи. Повеќе би рекла дехидрирана(на - 15 во Бт нормално) кога ќе се насмевнам, околу устата насобрана ми е. И плус, осетлива ми е, со црвенила и по некое мозолче и флекички. Ги разгледав кремите од Натура сиберика, читав дека ги фалевте. Или од Конопка некој? Се мислам за овие две дали би ми одговарале? Или да почнам прво само со една?
Кратко ја имам и не користам пудра деновиве, ама добра е за подлога дефинитивно.Односно мене ми е добра, ми има таков ефект навлажнувачки, измазнувачки и лесен истовремено.
@buba4e89 знам дека имаш мрсна кожа или комбинирана. Мојава кожа е ептен безживотна , одма светнувам у фаца , имам многу црнки на т зоната. Кожата ми нема сјај. Очигледно бара поголема нега. Читав дека си задоволна од ноќната и дневната на Натура Сиберика. Ако може да ми кажеш каков ефект имаат зашо мене ниедна крема до сега не ми одговарала.
Се зависи како го третираш лицето, каков третман користиш. Не е само во кремата. Таа е густа,лесна е за размачкување и дава мат изглед, хидратира и спречува порите да се полнат со нечистотии. Одлична е за мрсна кожа, но не е трајно решение за whiteheads Ноќната крема има smooth ефект односно нејзината улога е да се погрижи да не се разбудиш со акна наредното утро или пак со мрсно чело. Ноќната крема хидратира исто како дневната,но ноќната има поголема улога затоа што се грижи кожата да изгледа здраво и одморено.
Ги разгледував сега и две има дневни Snow cladonia, со спф 15 1025 денари што е и една без 720, која ја користиш ти, од која си задоволна, и дали е добра за под пудра?
Да , таа со 15спф ја користам за преку ден. Мене ми е супер за под пудра. Од истава линија има и ноќна крема ама ја немам пробано ноќната. Треба да е нешто побогата ноќната. https://www.bellina.mk/p/607/snow-c...e-za-zategnuvanje-so-spf-15-50-ml?category=41 Од кремиве на Натура сиберика имам забележано и нова линија ама пишува дека се гел креми , hydrolate мислам се вика линијата. Во туба се со пумпица , и баш од истава линија Snow cladonia ја земав кремата за очи и некако не ми се допаѓа, јас сакам за под очи густи креми, оваа е баш ко гел. Значи ако од обичнава линија ви се гледаат густи кремите, може да пробате од другиве , многу се полесни.
Фала многу. Но, го нема тука производот. Имаат и kiwi.mk достава ама и таму го нема. SPF 50 за лице барам. По аптекиве нема дека не било сезона