Во Зегин имаше креми со СПФ од Eucerin, Vichy и La Roche-Posay. Пред недела-две ги гледав. Само ги немаат сите производи, по нешто е останато... Провери во Зегин ГТЦ и City mall. Тие им се најснабдени, па можеби ќе ја најдеш кремата што ти треба.
Не сум од Скопје а во мојот град биле потрошени. Тешко да добивале сега оти не било сезона. Ништо штом нема онлајн. Ќе чекам идење до ск. Фала ви
Пиши им на аптека Марија Гален. Имаат производи на Еуцерин со спф, а мислам дека и достава бидејќи се во Скопје
Дали сте ја забележале некаде оваа крема? Ја ставија Дм на стори но не можев да ја најдам. Alverde skin food.
Дали сте виделе на Heliocare tinted крема со висок спф? Евентуално на Avene или La Roche. Очајно барам ББ или ЦЦ крема со спф 30 или над 30.
Да, таква имам, и маки мачам да најдам барем ок крема... Може ли повторно да ја пратиш сликата, не ми ја отвара.
Ја имам оваа со СПФ20, презадоволна сум. Ептен природно изгледа, хидрира а не мрси. Спојлер: Пупа Има од истите анти-ејџ, тие се со СПФ30. Може да пробаш тестер, јас ја купив од Анабела или Шаци, не се сеќавам баш. Се надевам дека уште ги има, скоро пред година ја купив мојата. Спојлер: спф30
@mermaid8989 @GrimTheReaper јас ги имам користено и двете. Многу ми се допаѓаат и секогаш ги купувам кога се на попуст. Сега сум full со креми инаку сега како што има кај нас 50% попуст (во Грција живеам) ќе ги земев повторно. Ноќната е нешто потешка од дневната , ама не го мастат лицето и даваат одлична хидратација. Јас ја имав оваа дневна и повеќе ми се допаѓаше , има за две типови кожа за нормална сува и нормална -комбинирана. Потоа излезе во продажба и мат верзија , која што е како гел кремата , но мене обичната повеќе ми се допаѓаше иако имам масно лице (на моменти дехидрирано)
Здраво драга @Biodevojka Ако би можела да ми кажеш каков е составот на оваа крема за лице, ќе ти бидам многу благодарна. * Јас имам сува кожа кон нормална но сега со маските почна многу да ме чеша целото лице дури и челото иако на него неам маска
Драга како состав кремот е ок, меѓутоа не е за чувствителна кожа. Повеќе го гледам за нормална кожа отколку за сува која истовремено чеша. Меѓутоa ти пробај па види како тојата кожа ќе го прифати и кажи ми. За твојата кожа би ти го препорачала овој кој го имам лично пробано со екстракт од камилица кој е фантастичен со омекнувачко и заштитно дејство за чувствителна кожа.
Денес ја купив кремата и се надевам целата ќе ја искористам. Па ќе напишам искуство. Фала за предлогот ќе ја имам во предвид за наредна. Благодарам на брзиот одговор.
Дали некој ја има користено кремата од роза на Алверде за сува кожа? Сакам да ја земам ноќната ама се мислам дали е ок.
Дали некој ја има користено новата дневна гел крема, старата со спф ја немаат веќе некое време на залиха