Cliniquqе ептен е добра,кожата ја прави мн мека како свиленкаста.Ја добив како подарок од Канада,и тука ја има ама скапичка е сигурно.
Хммм па би требало ипак се работи за крема не е нешто облека па ко што знаат кај нас да донесат нај шкартот од марката
Јас имам комбинирана кожа - претежно сува и малку мрсна во Т-зоната. Испробав секакви креми за сува, мрсна кожа, ама или ми ја сушат кожата - или ми ја прават уште помрсна. Знаете ли некоја добра крема за комбинирана кожа???
А си ја пробала ли Нивеа Софт или некоја од овие од Авон? И моето лице е комбинирано така да тешко да најдам крема..Уште сум со кремата од Авон и ок ми е
Во последно време ги користев бебешките креми - од Bubchen и NIVEA baby, ја омекнуваат кожата и помагаат за сува кожа ама почнаа да ми излагаат повеќе мозолки (малечки ама мн ме нервираат), затоа мислам дека треба да пробам со некоја друга крема..Ја немам користено NIVEA soft, а во секој случај ќе ја испробам па ќе видам дали има резултати.
Јас неколку дена ја користам Nivea Visage Young control shine - дневна крема, но денес ги прочитав состојките и забележав дека содржи Aluminum Chlorohydrate. Читав дека таа состојка ја има и во антиперспиратите и предизвикува рак на дојката, па сега се прашувам дали е штетна кремата ?
Јас пред три дена ја купив кремата DOVE intensive-cream, кремата е супер, лесно се апсорбира на мојата кожа и и дава вистинска хидратација...а тоа и ми беше најмногу потребно!
сум користела разни креми, .. ама моментално користам бекутан и супер е,..лицето е мазно, меко и мириса многу убаво
гледам девојките многу ја фалат имам мрсна кожа и тешко ми оди со кремите нормално скептична сум кон многу работи дали би била добра за мрсна кожа оваа крема ве молам да ме посоветувате и отприлика по која цена можам да ја најдам
^ Хмм... поарно да не ја земаш. Супер си е кремот, ама доволно е тој мрсен, па уште на мрсна кожа да го нанесуваш.... не.