Сега ја зедов првата на Натура Сиберика со витамин Ц и спф 20, уште не сум ја пробала за да можам да ти кажам каква е, ама за една недела би можела да пишам нешто повеќе. Линијата со sophora japonica не е лоша, би требало и овие две да се добри. А последниов крем - најубави зборови имам за него, одличен е. Еден од подобрите што сум ги користела, ако не и најдобар. За whiteheads не би можела да ти помогнам. Дефинитивно само крема не врши работа, јас порано само шлапав слоеви од креми, и пак лишаи и сува кожа имав, особено во зима, иако кожата ми е комбинирана. Можеби не ти е доволен хијалуронот, некој тоник за хидратација не е лошо да земеш. За серумиве не знам конкретно кој би бил така поефективен, јас користам серум со витамин Ц 13%, серум со ектоин 4% серум со ниацинамид, ама дека има нешто поголема влажност од нив, не би знаела да кажам, оти сепак еден куп чекори имам во рутините, па мислам дека сите заедно влијаат. Од сабајле на пример, мијам лице или само со вода или со пена за лице, после ставам тоник, после ниацинамид или хијалурон на влажна кожа од тоникот и одозгора хидратантен крем со спф, тоа периодов, после ќе морам посебно крем со спф, оти 20 не штити доволно. Навечер мицеларна вода, пена, тоник, витамин Ц, крем со витамин А/ноќен крем/масло од смиљ, зависи што ми треба повеќе како завршен чекор. Сите серуми и креми/масла ги нанесувам на влажна кожа, не чекам да се исуши претходниот слој.
Да не го користиш Marine hyaluronics од The ordinary? Го користев летото и никаков бенефит немав од производот. Ниту хидратација, ниту plumpness на кожата. Сега го користам Hyaluron-filler moisture booster од Еуцерин. Многу е лесен гелот и не остава лепливо чувство по нанесување. Ако си 25+ можеш да го пробаш. https://int.eucerin.com/products/hyaluron-filler/moisture-booster
Не, ја користам Хујалуронската киселина, ја ставам на влажно лице, врз неа крема плус масло и - нада. Очигледно ќе треба да ги дадам парите за Essence Toner na Pyunkang Yul или некој друг со вртоглава цена. Не сум над 25 за да го пробам тоа. Ќе гурам со хијалуронов, и сега ќе чекам за 8 март сигурно ќе има попусти, па се надевам ќе начекам некоја добра понуда да се подновам со нешто поквалитетно.
Што е разликата меѓу овие две креми. Ми треба да хидрира, ама и да е лесна не леплива за под пудра, кога ја користев на конопка зелената не ми се допадна за под пудра
За истото се мислев и јас пред некое време, ама на крајот ги немаше и двете на залиха па си ја порачав само ноќната од оваа линија и сум многу задоволна. Првата е како гел, веројатно само тоа е најголемата разлика, во текстурата. А втората има некое минимално спф што за во зима може е доволно, но сега секако ќе треба повисок фактор. Втората многу феминки ја имаат препорачано, мислам дека нема да погрешиш со неа. Оваа линија од натура сиберика има добри рецензии, па верувам дека и двете креми добро хидрираат, а за под пудра не знам конкретно, веројатно и од пудрата многу зависи. Сподели искуство кога ќе се одлучиш и ќе ја "истестираш" некоја од овие креми
Одлична е таа погоре од Натура сиберика. Едната е со спф15 другата нема спф и е геласта. Која и да земеш од нив нема да згрешиш. за сликите од постот на @kitty.m зборувам
Видов дека сега има попусти во Белина. Која крема би ми ја препорачале? Имам сува и осетлива кожа. И некоја околкуочна крема? Фала многу.
Здраво, сакам да побарам помош или совет за крема за лице. Имам масна кожа, па досега не сум била на дерматолог и не сум се консултирала со некој постручен, за помош при избор. Ви благодарам однапред.
Зс околу очи топло ти ги препорачувам pulpe de vie кремите. Одлични се, јас имав темни кругови околу очите и кремиве ми помогнаа за намалување на бојата. Има два вида едната е крема и маска 2 во 1,а другата е само крема. Првата е најдобро да се користи навечер а втората преку ден. Ги има на сајтот на Белина.
Може да споделиш впечаток... Од Битоен имам пробано неколку креми за комбинирана кожа и сите ми се погодени, но конкретно оваа не, а често ја забележувам.... Фала
Јас ја користам кремата на афродита hydra patch за нормална до комбинирана кожа, многу е убава, нежно и меко е лицето, одлично хидрира, посебно зимно време. Исто на ревуеле дневната ја користам, добра е и таа.
Дневната крема содржи спф10 како и заштита од инфрацрвено зрачење и светлост Инаку е со 80%природно потекло ,има лесна кремаста структура ,лесно се впива на кожата, детоксикација, подмладување и измазнување на лицето тоа се ефектите,и ја остава кожата чиста и свежа ,ја осветлува кожата на лицето брзо ,а еластичноста и цврстината се подобруваат ,а брчките се намалуваат.Ноќната крема е со 93%природно потекло и ја има истата намена како и дневната крема,служи за ревитализација на кожата и против брчки .Кремите се по 50мл,цената не е скапа по околу пет евра од крема ,двете креми содржат комплекс Pollublock,антиоксидант кој ги неутрализира негативните ефекти кои заморот и загадувањето го имаат врз кожата,а истовремено делува и против брчките на лицето .Јас имам комбинирана кожа повеќе накај мрсна тип кожа и кремите ми се одлични даваат резултати уште по првиот месец ги препорачувам особено дневната крема која доста впива и регенерира