Здраво девојчиња, сакам да инвестирам во добра крема против брчки.... Да ми препорачате? Има ли некој искуство со оваа крема? Имам сува кожа. До сега ја користев на тианде, ама не сум нешто задоволна...
Го користам Ц витаминот, и Хијалуронската од Витон. Да ги потрошам, па ќе ќе разгледам што друго би можела да смемам/земам.... Фала ти
Би ти препорачала серум со ретинол 0.5 за почеток или крема. Кај нас знам дека црвената линија на Лорал ревиталифт има ретинол.
Причитав дека некој ја препорачуваше за сува коѓа, оа ја земав. Веќе една недела ја користам, сега за сега е одлична!
Ако може некој предлог за хидратантна крема за многу сува кожа, најбитно ми е да ја хидрира убаво кожата.
Навистина е одлична кремава. Лицето моментално ми е многу суво, ми се перута и ме чеша и само скин фуд ми е спасот. Доста е масна, но мене бргу ми се впива. И преубаво изгледа под пудра на местата каде што ставам хајлајтер.
Дали некој имал искуство со кремава Многу често ми излегува на инстаграм па сакав да слушнам дали некој има искуство
Јас искрено никогаш не би купила. Начинот на кој е пакувано, непрофесионално, со етикети кои изгледаат како дома да ги сечеле и лепеле (што е многу можно) ми е многу ризично. Пишува дека се hand made, односно DIY и ако веќе се решавам на нешто такво би си ја направила сама.