Моментално ја користам зелената крема на iUNK со центела, ниацинамид и чајно дрво и сум многу задоволен. Ми се допаѓа што има гелеста структура и потребно е малку за цело лице и вратот, многу е лесна и веднаш се впива, па за летен период би била супер. Лицето ми е стабилно и не ми излегуваат нови акни, дури забележав и дека црвенилото ми е повлечено и тенот ми е поизедначен, единствена замерка е тоа што не е многу хидратантна, па пред неа користам тоник и флуид за дополнителна хидратација. Ја препорачувам за мрсна и проблематична кожа склона кон акни. Центелата помага во регенерација, ниацинамидот го регулира лачењето на себум, а чајното дрво помага во прочистување на кожата. Прочитав и многу позитивни рецензии за серумот со чајно дрво од истава линија, па можеби би го купил во иднина.
Види ги Атопи линиите на Биодерма и Еуцерин, многу се нежни а хидрирачки. Мене ми се допаѓа и Веледа скин фуд, но таа е потешка и остава баш сјаен финиш, не знам дали би ти се допаднала.
Јас би ти препорачала да одбереш крема за сензитивна кожа од Натура Сиберика од Белина. Многу се добри кремите,во некои има минимален спф ќе бидеш задоволна.
Ја земав оваа крема на Конопка, за хидратација. Моментално кожата ми изгледа како дехидрирана, безживотна, па ја одбрав оваа, состојките се добар процент на природна база. Кремаста структура, доста лесна, се впива веднаш. Како забелешка би рекла дека има појак мирис, мене на лимонска киселина ме потсеќа, на една стара крема во лимена амбалажа. Сега беше на попуст некој околу 300 денари, по редовна цена не би ја купила. Си ја врши примарната функција, хидрира, ама мирисот ми пречи дефинитивно.
И јас ја користам кремава погоре што ја постирала @annii Одлична е , се согласувам. Маалку на почеток ми беше чудна структурата , кремата изгледа густа како мус , но и пак со размачкувањето брзо се впива во кожата. И дава супер хидратација. Мене па мирисот ми е многу убав , ми мириса на чистота. Сакав и малку појак да биде За комбинирана-масна кожа е одлична. Не знам зошто долко време не се одлучував да ја пробам.
Феминки, ми треба дневна крема..за лице сега времево ептен ми ја суши кожата, а и работам во смени уште толку...