А да го пробаш толериенот следно? Ефеклаиров е лош за сува кожа, ќе ти ја дехидрира многу. Можеш да си земиш посебно салицилна киселина, поголем ефект ќе имаш, а за крем види на lrp, cerave или avene, последниве ги имаш на kiwi.mk и сите се некомедогени, кој и да го земеш нема грешка
Ќе се самоцитирам поминало времето за едитирање. Сега видов дека овој содржи и ниацинамид а тој е за мрсна и комбинирана кожа, го намалува т.е регулира лачењето на себумот и не се препорачува за сува/нормална. Пак ќе кажам, гледај третманите да ти се како серуми и да не ги коростиш секој ден за да не си направиш overexfoliation со што дополнително ти се оштетува кожната бариера. Земи неутрален чистач и крем за секој ден, а серум за проблемите.
Ти благодарам ќе го земам денес да го пробам. А за крема за лица барам некоја со пониска цена, затоа што не сум во можност да платам над 1000 денари за 50мл.
И јас не сум задоволна. Зедов крема за лице, кремата како крема беше ок, го негуваше лицето, ама очите... И додека се свестив од што ми се црвени и ме печат, се мачев една недела можеби. Така да, не и од мене.
Јас мојот од cerave го платив 1300 денари за 454мл од оваа страна, ако ти е од помош, сепак ти си знаеш најдобро. Исто авене е 1000 денари 200мл и многу долго траат, јас ја имам 4 месеци и не сум ни до пола.
Многу креми, посебно оние за акни, не се нанесуваат на очи. На очи немаш акни, таму кожата е најнежна, па состојките може да те иритираат.
Знам, ама и од околу што нанесувам, ми удира пак на очите. Добро, јас сум и со осетливи очи, ама сепак... И не е за акни оваа, обична, хидратнтна крема е.
Тогаш подобро е да бираш креми за осетлива кожа. Некоја состојка ти пречи, плус осетливи очи, не ја бива.
@lawlady содржи ниацинамид ама и пак одговара овој производ и на осетлива , нормална кожа, не само на комбинирана и масна. Јас ги имам користено и ноќната и дневната толериане , кога кожата ми беше дехидрирана па ми се смири. Доколку најдеш тестери по аптекиве можеш да пробаш. @queen04
https://www.bellina.mk/p/189/eterna...rotiv-brchki-za-zrela-kozha-50-ml?category=69 Здраво, ја има ли некој користено оваа крема? Искуства?
Може препорака за крема за сува кожа на лицето. Ја користев на Bioderma и Weleda ама не сум задоволна. Сега сакам да сменам, ама не знам која.
На Хормоцента special creme, најмногу ми одговар од сите, имам доста сува кожа на лицето. Или пак на Уриаж xemose линијата.
La roche posay nutritic intense riche или toleriane ultra Dr.Hauschka со роза Dr.Konopka во портокалова опаковка
Лесна и хидратантна. Иако пишува дека е за сите типови на кожа мислам дека повеќе одговара за нормална и комбинирана.
@the_queen15 јад од ништо од гарниер не сум задоволна освен од мицералната вода.Таа чисти се, дури и водоотпорна маскара.Од сите останати креми,тоници, гелови мене парче ми се правеше лицето. Во последно време и шампоните не им чинат..