Oваа крема ја има некој користено? Имам комбинирана кожа,склона на акни (посебно од маскиве лом). Образи суви, Т зона малце масна. Или да ми препорачате некоја.
Береза Сиберика од Белина зелената линија гел кремот топло го препорачувам, во комбинација со спрејот од Цинк е топ.
Некој да ми препорача крема за лице за комбинирана кожа (некогаш мрсна). Само да не е балеа и да не е премногу скапа. Фала однапред.
Ти благодарам многу. Дали е добра за чувствителна кожа? Бидејќи со некои креми имам проблем поради тоа што кожата ми е чувствителна.
Со оглед дека е на природна база не би требало да имаш проблеми, ама не знам да ти кажам. Од истиов производител има и крем за чувствителна кожа Можеби повеќе би ти одговарал. Цената е иста.
Да ми препорачате некоја добра крема за лице ? Сакам да го негуваме лицето не е битна цената , сакам убава и нежна крема . Немам некој проблем со лицето да е суво или акни но сепак би сакала да ми биде негувано затоа што ми е чувствително и кога носам маска ми се зацрвенува носот.
Малку сум досадна со предлогов, но навистина сум многу задоволна од Биодерма атопи кремата за лице. Никогаш не бев нивен фан поради преголемиот маркетинг, но навистина пријатно се изненадив.