Деновиве имам, или ај поарно да кажам, имав проблем со дехидрирана кожа на лицето. Имам и утринска и вечерна рутина, ама морам да признаам дека не се држам стриктно до нив секој ден. Дали од ветрот, од ладното време, кожата ја чувствував затегната и сува. Спасот го најдов во SOS кремот на Мадара козметикс, и наутро и навечер го ставам (морав сликата да ја ставам во спојлер, преголема е) Спојлер Ептен ми се освежи лицето после само три нанесувања. Богата е, масна, убаво се упива, ама после неколку часа како да избива вишокот маснотија на површина (негативна страна е тоа), ама генерално, задоволна сум, оти лицето не ми е веќе толку затегнато и суво. Ќе продолжам да ја користам неделава, после ќе видиме, оти не верувам дека ќе ми одговара на топло време поради мојата комбинирана кожа, ама за во зима би била идеална.
@eli25 мислам дека ти скоро ја имаше купено кремата на Хаушка и тоа гратис малата крема што е? Дали си задоволна од кремите? Се мислам малку да одморам од Натура Сиберика, секако ми е при крај па да сменам малку ако е добра. Благодарам
Ве молам за препорака за немасна дневна крема за лице, за комбинирана кожа. До 500 ден по можност. Имам 25 год и размислувам дали веќе треба да почнам со некој антиејч или било каква друга.
Јас ја користам оваа дневна крема воопшто не е масна и лесно се впива ,ја има во ДМ моментално е на попуст . Јас сум многу задоволна ми ја прави кожата мека нежна и негувана .
I mene me interesira,gledam na insta se mnogu aktuelni.a kolku e efikasna kremata ne sretnav nekoj da potvrdi
Здраво,Да ми препорачате некоја крема за флеки на лицето,ја користам скоро 1 недела кремата од фармаси за избелување на флеките но некако како да нема ефект. Поздрав
За 1 недела нема сигурно да видиш некој видлив ефект од нејзе.Како и со секој производ,треба да и дадеш време од најмалку 1 месец па тек тогаш да видиш некои тек почетни резултати.Само биди трпелива и истрајна
Здраво, ќе ви бидам благодарна доколку ми предложите некоја хидратанта крема за летниов период за сува кожа склона на акни.
Ме интересираат мислења за кремава, дали е добра? Прилично е скапа, да знам дали вреди за парите и дали вреди да ја пробам.
Зимно време Хаушка од роза не ја менувам за ништо, преку лето Лавера со Q10. Целосно се впива во кожата, не ми остава мрсна трага и ме освежува цел ден, а како бонус е и anti age (дали стварно спречува стареење немам поим ).
Мислам дека COSRX Advenced Snail Cream 92 е подобра од оваа крема, бидејќи е поприродна и секретот од полжав е на прво место од листата на состојки.
Да ми препорачате дневна крема за масна кожа? Некоја што нема да дозволува кога имам пудра да ми сјае лицето. Фала Дали од оваа на Л-ореал има и за масна кожа?
Убави се, но малку тешки за во лето. Јас во зима ги користам или ако имам некоја иритација или суви делови. Јас ја имам таа од ДМ на Миволис и бев задоволна.
И мене пантенол кремата ми е тешка (Галеника ја имав) за преку лето, дури и навечер како ноќна крема тежи на лицето. Можеби ако станува збор за посува кожа би била добра опција, но вака со малку помрсна Т-зона што знам, мене ми ја мрсеше кожата во тој дел па ја сменив.