Јас ја користев порано за суви делови во зима, но ако имаш сува кожа подобро да пробаш на Натура Сиберика крема за сува кожа. Инаку, првата е тешка за во лето.
Ги користам дневната и ноќната крема на ревуеле тие кафеавите, лицето ми свети како зејтин да имам ставено посебно на челото. Навечер ниацинамид, насабајле витамин ц и пак светам. Да ја сменам кремата со таа на Конопка?
Каква кожа имаш? Зелената на Конопка е за нормална и сува кожа, и е доста фалена. А има за друг тип на кожа.
Зелената на Конопка е за Нормална кон масна кожа, https://www.ecco-verde.com/dr-konopka/calming-face-cream Јас имам комбинирана кожа накај масна и супер ми одговара. И мене од тие на ревуеле, посебно нокната многу ми се мастеше лицето. Ја имам користено и портокаловата од Конопка и зелената е подобра за мене. А за ноќна крема Натура сиберика Јапоника е незнаменлива
Моја грешка е, во право си. Ноќната ја имам, одлична е. Исто и дневната. Затоа ја прашав каква кожа има,да и препорачаме. Јас секогаш велам за Натура Сиберика дневна и ноќна,ама најдобро на жешково да се нанесува крема па после 10мин крема со спф.
Јас ја користам Hydra од Bioderma Sebium.Мене ми одговара многу.Но ако имаш мрсна кожа сега за во лето би ти била малку тешка и мрсна,повеќе би одговарало некоја гел крема.Ова ти кажувам на моево мрсно лице што му одговара.И оваа од Uriage изгледа на доста слична со таа на Bioderma
Што мислиш за оваа крема, да не ја имаш пробано случајно? https://www.bellina.mk/p/972/oblepikha-c-berrica-vitamin-ts-dnevna-krema-so-spf-20-50-ml Испаѓа 2во1 производ. Искрено наутро немам многу време и услови за нега, па барам нешто што ќе ми одземе најмалку време.
Оваа линија мислам дека е за сува кожа,јас ја користам зелената линија, така да не би можела да ти кажам за оваа крема.
Кремава е за сите типови кожа , има уште една ваква со втиамин Ц само пакувањето е со посветло портокалова боја и нема спф. Оваа што си ја постирала има спф 20. @Biodevojka имапе пишувано рецензија за производиве од оваа линија , само мислам не ја препорачуваше поради хемиските филтри внатре. И јас ја немам пробано оваа крема , таа зелената ја користам од Береза линијата , ама таа е стрикно за комбинирана мрсна кожа
Јас ја користам и покрај хемиските филтри, веќе два и пол месеци, ама имај предвид дека спф не е доволен. Кремата сама по себе е убава, богата и со текстура како мус, не како крем. Убаво легнува на лицето, дава здрав сјај, и е одлична подлога за пудра. Не се познаваат порите и убав финиш има пудрата со овој крем како основа (на топлово не користам пудра, оти се се топи). Имам комбинирана кожа инаку,
Како си задоволна од зелената? Прашувам, бидејќи и јас ја имам ама воопшто не ми помага, по секое користење обавезно ми се прават акни, и тоа големи и болни Мислев да не ми се прават од нешто друго, ама еве пак ставив и пак акни ми се направија.
Мене супер ми е , лесна крема , не ми прави проблеми никакви , јас немам акни па да кажам дали помага нешто околу акните , а тебе сигурно не ти одговара некоја состојка па ти прави таква реакција да се појават акни. Штом е така не ја користи