Не, ми го перутеше лицето. Мојата имаше и боја и божем трајност до 12часа без да си во допир со вода. Ама ете ни до пола не ми е потрошена. Ако веќе сакаш крема со спф можам друга да ти препорачам.
Мене ми е доста дехидрирано лице и затоа барам некоја што нема додатно да ми го суши, но сепак и да не ми го масти бидејќи е лето. Која би ми ја препорачала ти со спф?
Ако го негуваш лицето соодветно нема да ти е дехидрирано, така да крема со спф е задолжителна ако одиш надвор на сонце,додека си дома не е потребно. Од 30 па нагоре за ова сонце. Јас моментално ја користам Лавера со жолто пакување и спф30, но јас имам мрсна кожа и ми одговара. Исто би можела да пробаш и на Сан Денс можеби тебе ќе ти одговара.
@A.Mina Мислам дека зборувате за различни производи. А.мина прашува за заштитниот фактор од сината линија наменет за хидратација на кожата. Тој не е тониран. А Бубаче зборува за крем од сончевата линија. Барем така сфатив. Инаку, @A.Mina би требало да ти одговара Perfecteur. Ако случајно ти се замастува лицето, можеш да сетираш со пудра и тоа е тоа.
Јас ја разбрав дека зборува за сончевата линија. Затоа е полесно да се стави слика да се ориентираме, вака на памет ништо.
Да да. Зборував за тој од сината линија. Не ми дозволуваше да прикачам слика од телефон затоа ја напишав само кремата. Во секој случај ви благодарам девојки.
Девојки дали уште е во продажба овде аиролот, и случајно да не знае некоја од бугарија која крема е со третиноин да нарачам да ми земат.
Здраво женски, дали некој има искуство со кремите Bioderma Sebium Global i Bioderma Sebium Sensitive i мицеларната Bioderma Sebium H20, бев денес во една аптека ми ја гледаа кожата на еден апарат и докторката ми ги препорача овие производи. Ми кажа дека лицето ми е дехидрирано и дека имам бактериска инфекција на пределот кај брадата и jawline.
Дали ги користел некој? Сега другарка ми ги сликна и испофали. Сакам да купам убава квалитетна крема за чиста нормална кожа 30год возраст. Хелп!
Овој ми е омилен бидејќи е многу лесен како лосион, го користам и за лице после сончање наместо крема. Го има во аптека, јас мислам од Еурофарм го купив. А доколку кожата би е баш сува тогаш Мivolis panthenol крема од ДМ.
Имам екстремно мрсна кожа и голем проблем да си најдам дневна крема. Повеќето се за комбинирана кожа, меѓутоа не ми помагаат. Дали може да ми препорачате некоја крема исклучиво за мрсна кожа, т.е. на неа да пишува for oily skin. Досега немам сретнато, а сега во жешково време, кожава ми е ужас и очајно ми е потребна!
Топло ти го препорачувам гел кремот од зелената колекција на Береза Сиберика. Многу е лесен и брзо упива,имам некаде пишано за овој крем повеќе низ темиве. Освен неа исто така одлична крема е Софора Јапоника со спф 15, уште ја користам лол. Една година ја имам и никогаш не ме изнерверила. Има убава текстура и брзо се впива. Јас и од двете сум задоволна и пак би си ги купила.
Го немам користено овој бренд, ама ми беше во потесен избор. Дефинитивно една од нив ќе биде мојот избор. Ви благодарам девојки Ќе пишам искуство за некој месец.