Мене повеќе ми се допаѓа пантенол кремата од Галеника во споредба со пантенолот од ДМ. Овој на галенилка има баш кремаста текстура, а од ДМ е како маст.
Фала ти , купена. И во ДМ е 800 и нешто денари! За цело тело тело ја земав на Алверде, најдов кај тебе на блог, ама пепел бела бела прави хахахаа Сега сакам уште некоја пред Мосата да најдам, хидратанта, таа што ја имаш на видео троа поскапичка ми е. Фала многу!
Го користел ли некој? Или да ми препорачате друг крем од белина? За суви образи и мрсна Т-зона ми треба.
Во принцип, на високи температури избегнувам да тестирам нови креми, оти многу е топло, се потиме, па ништо не останува на кожата. Нејсе, решив да го пробам, од тестер Ме привлече името, и тоа дека хидрира. Мирисот е убав, лесен, овошен. Лесно се размачкува, се впива брзо, дава убав сјај на кожата. Не знам каков би бил како подлога за пудра, ама кремот сам по себе е добар. Го препорачувам за оние кои немаат проблематична кожа, можеби може да помогне ако имате проблем со пресушување. Од Белина е, го нема на лагер моментално, ама тестер има, барем така пробајте го, мислам дека ќе ви се допадне.
Њ да тоа на алверде како крњч да си нанела ама да знањш како штити... Инаку како крем земи го или на Конопка зечениот за комбинирана кожа кој е мбогу хисратантњн околу 370 мкд. Или евентуално на Моса за комбинирана кожа тој е некаде околу 700 мкс горе до Е да на алверде доста остава бело ама одлично штити. Инаку како лрем за лице земи го или на конопка за комбинирана кожа кој е многу хидратантен околу 370 мкд. или на Моса кој моментално е на попуст во ДМ околу 650 мкд. Кој повеќе ти одговара како цена.
Имам многу мрсна кожа којашто не реагира добро на мрсни креми. Moisture surge на Clinique e единствената крема којашто додатно не ми ја замрсила кожата. Ама па затоа истата наводно била базирана на вода, не на масла и најверојатно затоа има позитивен ефект. Во однос на цена, апла е скапичка (околу 3000) ама вреди
@ierebelle да, од традиционалните креми и мене ми се има покажано ко одлична заедно со jelly кремата , само што во Мк цениве се до плафон на Clinique производиве. Ако те носи патот накај Грција , тука на 2-3 месеци може да ја најдеш и со 50% попуст , 50мл околу 17 евра.
Начекав на FreeShop пред некој месец пакет со 3 производи (кремава, нешто ко серум и eye cream) за цена од околу 60 евра. Одма го купив. Морам да напоменам дека роковите на сите производи беа океј и не приметив разлика во амбалажа. Исто така, ако не се лажам, пакетов беше на некој 60% попуст.
Некој искуство со оваа крема за лице и за која возраст е наменета? Сакав да ја вметнам како последен чекор во ноќна рутина, ама прочитав дека била и за брчки, па се мислам дека сеуште не е за мојава младешка кожа.
Здраво девојки, дали случајно имате искуство со брендот SNP имаат убава нова линија со пептиди и хијалурон, ја има од скоро на групер и имаат прилично добри цени за тие мл. Ако сте користеле нешто од оваа линија, споделете впечатоци
Можеш слободно да ја користиш, делот дека делува против стареење е повеќе маркетинг - самата хидратација што ја дава се смета дека превенира појава на брчки. Кремата е супер, стварно ја смирува кожата, меѓутоа мене не ми е доволно хидратантна како последен чекор - ако имаш многу мрсна или комбинирана кожа, може ќе ти биде ок, ама за секоја друга ситуација не е доволна (јас имам природно мрсна кожа, ама последниве месеци ја третирам и со Скинорен и третиноин, што ја сушат доста кожата. Супер ми е за одма после тие креми, зошто го смирува лицето од јаките киселини, ама за после ставам појака крема).
Да главно имам мрсна кожа на лето, а повеќе ми е комбинирана во есен и зима. Исто прочитав и од рецензии на нет дека не е доволно хидратантна, засега користам друга крема па оваа можеби би ја пробала понатака. Фала ти на одговорот.