Моментално оваа ја имам, при крај ми е, од Белина ја земав, и можам да кажам дека прилично сум задоволна, на лето со мојата комбинирана на повеќе делови мрсна кожа, лицето супер ми беше хидрирано и меко, и најважно без ниту една акна. На лето во ПМС обавезно имав барем по една, две болни акни, големи кои беа црвени и ми стоеја по 10 тина дена. Ова лето со оваа рутина лицето ми е стакло буквално цело лето немам ниту една акна. Секогаш акните ми го навестуваа циклусот сега немам акни ниту во мензис ниту во овулација. Оваа крема е супер, дефинитивно би ја купила пак, само да напоменам за оние кои што сакаат убав мирис, мирисот не е нешто нај, нај ама јас веќе навикнав.
Моментално од Neutrogena и 2 од Garnier ( едната е гел прозирен, не очекував да е таква конзистенција) ми се погодија. Мачкам наизменично.
Јас ја имам кремата,ја земав како препорака од mincys на инстаграм,но сеуште ја немам почнато. План ми беше за навечер да ја користам. Mincys кажа дека била универзална крема и доста хидратантна. Еве ти нејзин инста https://instagram.com/mincyys?utm_medium=copy_link можеш да најдеш повеќе рецензии.
Добар ден, Ве молам за мислење. Не можам да погодам крема за секојден. Купив на Биодерма и на Хеимиш (корејска козметика, веројатно така се чита) истите се со заштитен фактор и лицето исто ми се однесува кога ги користам. Имам сува кожа и барав конкретно за таа намена. Возраст 35+. По апликација на кремата лицето почнува да ме пецка и да ме чеша чудно. Некое непријатно чувство, како затегната кожа ... Може е од факторот, само тоа ми изгледа ко да е проблемот. Ако има некој слично искуство да ми каже што да купам за лицево. Благодарам. Еве ги со слика кремите што моментално ги имам ама не сум задоволна
Да, таа на биодерма е гел крема така да веројатно не те хидрира доволно, за сува кожа обично се препорачува да биде како крем а не како гел структурата. Пробај прво да ставиш обична хидратантна крема па потоа крема со фактор, ако мислиш дека нешто со тоа е поврзано. Има од истата линија на биодерма ама пакувањето е во коцкеста кутија.
Сакав една крема од оваа линија да порачам и ми кажаа дека за месец дена ќе им пристигнат, ова најнова информација, гледам многу продукти од оваа линија ги нема а стварно се добри. Можеби нешто има во ДМ ама не знам да ти кажам точно кај мене нема ДМ ако имаш во близина провери си може имаат заостанато
@Annath Мислам дека ти ги имаше користено кремите на Натура Сиберика и на Моса. Може ли да ми ја кажеш разликата? Јас сум при крај со кремите на Натура Сиберика, некако како да ми се презасити лицето од нив па да сменам сакам, се мислам за Моса. Дали се доволно хидратантни и хранливи за кожата? Сега откако времето залади а тек за зимата ми треба побогата крема, доколку се ок да ги пробам.
Вчера ми стигнаа кремите од Mossa од VLift линијата, заедно со серумот против пигментации. Ја имам користено спф кремата, одлична ми е. За овие допрва ќе можам да кажам впечатоци, за една недела најрано, ако не ти се брза.
Предлог за крема за лице, по можност без парфем, погодна за кожа склона кон росацеа? Да ја има во ДМ, да го искористам попустот до утре
Доста од девојките ја фалеа оваа крема на Балеа баш пребарај низ темава , нема парфем , а оваа линија знам дека е наменета и за тие со сензитивна кожа.
За секојдневна употреба на цело лице не ти препорачувам ќе ти го суши многу, можеш само локално на мозолчиња ако имаш.