Мислиш на таа со цинк, мало пакување-плаво? Или на секојдневната крема во поголемо пакување баш како на крема хаха
Здраво сакам да почнам да користам некоја крема за лице па ве молам за препорака инаку повеќе ми е суво лицето има период кога е мрсно но повеќе суво, сакам малку освежување инаку имам 28год. Не знам до сега немам користено креми за лице освен нивеа што ставам после бањање и пред шминка паа малку да ми помогнете советувате?
Mislev na taa mala,plava Ne znaev deka ima i za sekojdnevna,ako znaes kaj ja ima da mi kazes i ako si ja koristela kakva e?
Овие две креми , не се тешки на лице , ама даваат доволна хидратација , не се ни мрсни , мислам ќе ти одговараат. Ги има во Белина или можеш од нивната веб страна да ги порачаш. Исто ги има и во ДМ и Космо
Конечно ја пронајдов кремата која ми одговара, хидратантна на Виши. До сега најдобра од сите што ги пробав, што е најбитно не ми го иритира лицето!!!
Девојки од кремите на Haba Lado, која е вака за зрела кожа, 50+ Или друга препорака за одприлика докај 1000ден за крема за зрела кожа 50+ и кај ја има во Скопјево, што би ја препорачале. На мајка и е роденден за некој ден, па сакам да и купам поклонче Не сакаше на редакт да ми вметне цитат... Ај ако сакаш сличе од кремава, да знам која е точно
Ја има во Дм мислам ама и во Белина можеш да ја најдеш/порачаш 1020 е цената https://www.bellina.mk/p/781/basis-...krema-za-zrela-kozha-so-q10-50-ml?category=41
Има многу лош состав, и кога го увидов тоа престанав да ја користам и искрено не се сеќавам каква беше.. А таа плавата, малечката што е си цинк оксид ја користам понекогаш, ги суши акните многу брзо.
Ja ima nekoj koristeno kremava? Gi koristam micelarnata, penata i tonikot od ovaa linija i mnogu sum zadovolna pa se mislev da ja zemam kremava. Se izvinuvam za latinicata
Јас ја користам околу 3 недели првично беше добра хидрира многу убаво а не го мрси дополнително лицето но последните неколку дена почнаа акни да ми избиваат во долниот дел на лицето е сега незнам дали е од кремата или од носење маска подолго време.
Ја имам користено розовата. Добра ми беше, ми одговараше ептен на лицето ама ко да не ми беше доволна само кремата па ставав и масло од рози од Алверде. Имам комбинирана кожа, периодов повеќе накај нормална. Мислам дека се намалени во Космо, па ако ти фаќа око земи за проба која мислиш дека повеќе ќе ти одговара на типот на кожа.
Почнав со нова рутина со серуми и ми треба хидратантна крема за на крај. Оваа ми фати око, нешто природно видов, гел формула па можеби ке ми одговарат. Фала
@MilaSs12, далеку подобра опција се овие креми од старите на Афродита. Се надевам дека ќе ти се допадне и ќе ти одговара која и да ја земеш од двете. Јас би ја купила и другава од сликата во наредна прилика, сигурно мириса прекрасно штом има кокосова вода.
Тие со обоено квадратче на кутијата (хранлива крема) се стандардни креми, а другите се со геласта формула @MilaSs12. Тоа им е единствената разлика. Мене обичната не ми е пробана, но некако мислам дека повеќе ќе ми одговара. Со оваа како гел ми требаше масло плус ама не беше нешто страшно. Сега приметувам, си пишува за сите типови на кожа, па која и да ја одбереш не верувам да погрешиш.