@anggell Морав да ти пишам, за кремите од Моса. Веќе една недела ги користам, задоволна сум. За овие конкретно зборам Спојлер Мене ми легнаа на кожата, приметив и мало измазнување на брчките околу очи и на чело (не ми се нешто длабоки), пошто јас си ги нанесувам и околу очи, не користам посебна крема. На почеток текстурата ми се чинеше малку масна, му треба време да се упие, ама добри се, и мирисот им е ок. Малце кожава ми е чудна периодов, мислам дека не е до кремите, оти немам сменето ништо во рутината освен кремиве, ама ковидов може дава такви последици по кожата. Небитно, кремиве се супер. Со нив паралелно, навечер го користам и серумот за пигментации на Моса со витамин Ц, glow cocktail и ептен ми се допаѓа што дава убав сјај на лицето, оти има како светки во него. За тоа дали делува на пигментациите е рано да кажам, сепак не го користам долго време, ќе видиме.
Ти благодарам многу на деталниот опис, и јас порачав една крема на Моса, најверојатно утре ќе ми стигне, се надевам ќе ми одговара и мене
Ги има овие креми на Моса негде по Ск да се купат, да не мора да ги нарачувам и каде. И која е вака најдобра за брчки, ја уште барам кремичка за мајка за роденден.
Можеби во ДМ ги има, ама не сум била месец дена во продавница. Секако до дома ги носат ако ги нарачуваш, брзи се. А овие не се за 50+, за помлада кожа се.
Предлог за крема за чувствителна, комбинирана кожа со масна Т-зона, хидратантна, ама да не е мрсна, бидејќи одма ќе светнам? По можност да ја има во ДМ.
Дали некој ги има користено кремите? Имам комбинирана кожа периодов со неколку акни во долниот дел претпоставувам од маската.
Моментално ја користам розевата гел крема што е, влажнила пишува. За летен период кога кожата ми е нормална ми е супер. Лесна е, брзо се впива, не остава мрсен слој воопшто и преубаво мириса, мирисот и е фантазија. Но сега да ја дотрошам имам уште малку и ке земам некоја побогата, освен летоска во друг период од годината не ми одговара бидејки кожата ми станува сува. За периодов што следи можеби би ја пробала хранливата верзија сигурно повеќе одговара на сува кожа.
Предлог органска крема за дехидрирна кожа без сјај со пеги од сонцето. Може и помрсна малку и да свете. Не сакам пудри заради маска.
Здраво. Да ми препорачате крем од Натура Сиберика? Читајќи тука се одлучив за нив, но тие што ги сакав се за зрела кожа. Дали се соодветни да ги користам? Имам 32г., комбинирана кожа и сакам некој подобар крем што превенира стареење и појава на брчки. Или предлог за некој друг крем? Сакам Дневен обавезно со заштитен фактор.
Супер се кремиве за таа возраст , јас последната ја имам користено со ноќната , одлични ми беа. Само по дневната крема обавезно спф до поголем фактор да користиш, овој фактор само не ти е доволен.
Ја имам првава сината крема од Лавера и не сум воопшто задоволна. Дневна е, божем хидратантна за комбинирана кожа, но остава масен сјај и кожата се мрси по некое време уште повеќе… Немам пронајдено досега совршена крема за комбинирана кожа, но оваа е меѓу најлошите што сум ги пробала.
Само кремот не е доволен за хидратација. Иначе многу убаво легнува на кожа и е одличен како подлога за пудра.