Од Натура ако бираш би ти ги препорачала дневната и ноќната Софора Јапоника креми за лице, со минимален спф 15 што значи ќе ти треба плус крема со повисок фактор. Ама во зимо сметам дека не мора да е висок факторот ниту пак дополнителна крема да ставам, доволно е и една ББ крема така што ќе можеш да ставиш и пудра врз неа.
Дали некој ги има користено овие креми и која би ми ја препорачале? Сува кожа имам, брчки на чело, а во последно време некако кожата ми нема ни сјај. Битно ми е и да можат да се користат за време на доење. Претпоставувам може овие две. Или ако имате некој друг предлог слободно пишете.
За враќање на сјајот на кожата воведи серум со витамин Ц. И задолжително крем со повисок заштитен фактор (мин. SPF 30).
Здраво, дали некој знае каде можам да ја најдам Loreal Nutri Gold дневна крема за лице, ја барав во ДМ, Космо, Зегин, по маркети ја нема никаде, а претходно сум ја купувала од сите овие места? Многу е убава за сува кожа, особено за зимно време кога повеке се суши кожата. Дали има некој инфо?
Здраво, Барав, ама не можев да најдам, а и немам многу време, па би сакала да ве замолам дали би можеле да ми пратите слика од кремата за лице од Конопка за комбинирана /мрсна кожа? Да не ја утнам при купување
Фала ти многу. Јас пак го барав виолетовото пакување на слики, мислејќи таа беше, затоа и сум се збунила. Уште еднаш, фала
@Annath знам ти ја користиш кремата на True alchemy оваа поточно дали секој ден ја користиш? Мајка ми става од неа не толку често , заборава многу ретко ја користи , меѓутоа на страната на Белина немаат објаснето колку точно да се користи неделно. И само навечер, така? Доколку сум те прашала др пат извини , не се сеќавам воопшто
Навечер ја користам, два пати неделно најмногу, мислам дека ми е рано за почесто, а и немам којзнае колку изразени линии и брчки. Не ставам голема количина оти мирисот ми смета ама и тоа што го ставам е доволно. Повеќе ефект имам од Влифт линијата на Моса
Nekoj iskustvo so kremava? Mi ja preporacaa, ne e bash evtina i sum na misla. Imam normalna nakaj kombinirana kozha
Еве некои предлози, првите две се околу 500 ден, втората е 370. Трите немаат спф па можеш и навечер да ги користиш
Вчера почнав да ја користам. И мене ми беше на мисла и намерно ја земав ноќната зошто имам друга дневна крема. Како за прв впечаток убава е, не е многу густа и се впива брзо и нема интензивен мирис, туку баш свеж П.С во Рамстор е на промоција.
@Касија како си задоволна од Snow cladonia Hydrolate линијата? Гледам дека од пред неколку месеци ги имаш купено кремите. Баш со тебе дискутирав за Snow cladonia , јас ги имам користено кремиве од другата верзија, по структура се густи, ме интересира какви се другите
Совршенство за мојата комбинирана кожа, особено за ладниот период кој доаѓа. Да , се води како маска но сепак за мене е една богата крема која и пружи се што и е потребно на мојата кожа .
Ај препорака за убава хидратантна крема за лице и чистач? И да не знаете каде е еуцерин на попуст моментално?