Јас ја имам користено и добра ми беше. Само со оглед на тоа дека иде зима можеби нема да ти е доволно хидратантна, ама има и крем верзија.
Девојки препорака за moisturizer или некоја хидратантна крема за комбинирана кожа (Т зона мрсна остатокот од лице нормална) ?
Јас пак со прашање Дали е можно од кремата од Береза сиберика, за комбинирана кожа да ми излегуваат бубулици? Ја земав кремата, користам и лосион од истат линија, сега не толку често користам и Ниацинамид и Хијалуронски серум и салицилна к-на. И откако ја купив за кратко ми излегоа 2-3 поголеми бубулици. Па дали би можело да е од неа? Да знам да продолжам со неа, да и дадам шанса или да барам друга крема
Видов дека таа крема е на попуст и моментално се двоумам дали да ја купам зашто на неколку членови читам дека им направила акни.
Не знам. Јас дека користам и таков тоник и ок ми беше и си реков барем и кремава во комбинација. Е сега дали е од неа или така ми се погодило не знам. Затоа и барав искуства. А онака е убава крема Е фала ти многу, сега ќе видам.
Првата ја имав многу ми се погоди. Најдобата крема што сум ја користела некогаш. Ја хидратира кожата и брзо упива. Не остава мрсен сјај.
Poslednive denovi liceto mi e uzasno suvo, imam i lishai na nekoi mesta. Predlozete mi nekoj gel za mienje na lice (da ja hidrira kozhata) i mnogu mrsna krema..
Малку доцна одговарам Мене ми одговараа, не беа премногу масни, лесно се упиваа, така за поладно време ми беа добри, за лето не знам какви би биле.
Некој да го користел овој хидратантен гел? Можеби @Biodevojka да ми даде мислење во однос на состојките? Малку ме загрижува алкохолот.
Јас ја пробав од тестерче, три пати нанесов, вака брзо се впива и е навистина мат како што пишува. Од три пати што пробав само толку можам да кажам
Јас имам кристално чисто лице, буквално. Сум пробала да го третирам заради хидратација, поголема свежина на лицето, потхрана на кожата и сум приметила дека од третирање со многу продукти ми се јавуваат ситни брунчиња. Затоа си користам само крема и не го третирам со сваштарии, серуми, тоници. Редовно користам само средство за миење на лицето и крема. Толку.