Ми треба препорака за секојдневна хидратантна крема што би можела да ја користам и под пудра( но и немора, би зела и соодветен прајмер дополнително). До сега го користев прајмерот на аура што е на база на вода, на него пишува дека е погоден и за секојдневна употреба како крема но јас го користев стрикно само под пудра.Имам премногу проблематично лице предпоследен пат кога бев на дерматолог ми кажа дека лицето ми е пресушено. Моментално исто мислам дека ми е суво со помрсна т зона. Со активни акни и многу флеки од акни сум. Ми треба нешто на природна база што е дозволено во бременост затоа ќе ја тагнам и @Biodevojka Пред некој ден посетив доста фален дерматолог и останав со празни раце бидејќи почна со препорака на креми од биодерма козметиката но не беше сигурна дали се дозволени во бременоста, отидов со сите производи што ги користам моментално со цел да виде дали се соодветни бидејќи ми е смачено од моево лице.Од мицерална вода носев до пудра но за нив кажа дека се декоративна козметика и не толку битни. И така си излегов разочарана со никаков конкретен одговор на ниедно прашање.Да напоменам дека имам 22 години. И ви се извинувам за долгиот пост.
Ти ја препорачувам оваа крема. Јас имам мрсно лице и ми одговара. Убаво легнува пудрата ама ќе ти треба и прајмер.
Јас калминг кремата на Др.Конопка би ти ја препорачала. Нема спф, можеш и навечер да ја користиш. Нема антиејџ состојки , и хидрира и нема да ти ја масти кожата. Истава крема ми ја препорача @Biodevojka
Многу сум задоволна од оваа крема. Мислам дека си ја најдов идеалната Не е премногу тешка, не е мрсна, а одлично го навлажнува лицето и не се исфрлам од неа воопшто. Напротив, како уште повеќе да ми се исчисти лицето. И не е воопшто скапа.
Масна кожа имаш мила? Која цена е , јас не сум нешо многу задоволна од натура сиберила гел кремот , па барам нешо ново повеќе шо ќе хидрира.
За мрсна кожа убава е на Гарниер со чајно дрво Или на Балеа аква кремата како гел што е Јас и двете ги имам користено и супер се Трошка мрсно немам
Па не ми е баш мрсна кожата, би рекла комбинирана. Во областа на носот и челото само ми е помрсна. Инаку цената беше околу 600ден.
Сите се одлични за мрсна кожа , која да избереш нема да згрешиш Dr.Konopka calming cream Natura siberica c-berrica (кремата без спф) Dr Hauschka Melissa Madara balancing fluid
Јас имам комбинирана кон масна кожа и баш имам проблем со избирање креми , одлична ми беше CeraVe но поради ситуацијата со коронава и немањето можност за патување низ други држави да си ја набавам најдов совршено решение. Пурито , се води како маска но всушност е богата хидратантна крема Не содржи парабени,силикони, минерални и есенцијални масла, парфеми , безбедна при бременост , составот совршен ! Толку убаво хидрира , кожата ја прави мека како бебешка , совршенство а притоа не ја масти кожата . Ја нарачувам од coslovemetics
Јас би сакала да ги пофалам кремиве и да кажам колку сум позитивно изненадена. Убедливо најдобрите креми за сува кожа, поготово за зимскиот период. И двете се супер хидратантни и брзо се впиваат во кожата. Оставаат многу малку заштитен „слој“ на кожата, што мислам ја заштитува од ладно и други надворешни влијанија. Доколку сте во потрага по нешто вакво, топло ви ги препорачувам.