Имам комбинирана кожа и сите креми ми биле за таа намена. Моментално ја користам на др.хаушка мелиса, ама воопшто не ми одговара. Дали е до периодот ама мене сега кожата ептен ми станала сува и безживотна. Дај предложете некоја хидратантна крема да ја освежам малку.
Ако во лето ти е мрсна во зимо е сува. Кај мене е така, јас ја користам на So bio etic hydra rich за нормална и сува кожа и ми се допаѓа,богата е. Или пак можеш да ја пробаш на Лавера за сува кожа со минимално спф. Исто така и ноќната на Софора Јапоника е многу добра за комбинирана кожа.
Дехидрирана ти е, ти треба екстра хидратација. Или хијалурон во било каква форма, или SOS серумот на Мадара од Белина за уморна и дехидрирана кожа. Крем не е доволен. И многу вода.
Епа тогаш прво земи Пантехол крема од аптека за лишаите, па кога ќе ја средиш земи некоја од тие што ти ги препорачав за да ја одржуваш кожата нахранета.
@eli25 серумот на Madara SOS го користам и јас @Annath што ти го препорачува, многу сум задоволна, баш е за дехидрирана кожа, додуша мојава е комбинирана моментално ама ми одговара одлично. Пробај го , продолжи со кремава на Хаушка да видиш дали ќе има промена
Гледам доста ја користите таа од Сиберика со витанин Ц, дали да земам таква или да одам со поскапа варијанта од Еуцирин или Биодерма? Препорака за лесна, секојдневна за нормална кожа која знае да биде мрсна на на нос. Ми треба и да е со зашитетен фактор за да не ми поцрвене носот од сонцето.
Ја има ли некој користено кремава да каже искуство? Или некој да ми каже дали се океј состојките? Ми треба обична крема за хидратација која нема да направи некој проблем на лицето едвај го управив.
Еуцирин и ми е многу лесна, веднаш се впива и погодена за комбинирана кожа. Цената на попуст е ок. 750 ден од Зегин.
Дали крема која содржи аха бха и пха може да се користи иако користам сона секоја вечер Или не смеам да комбинирам
Ја купив кремава на Loreal Hydra expert за нормална и мешовита кожа, на самата амбалажа не пишува дека е конкретно дневна крема, ама видов дека во упатството пишале дека се нанесува само насабајле. Може ли некој да ми каже според составот дали можам да ја ставам и навечер?
Може. Најчесто некои ноќни креми не би требало да се користат наутро (доколку имаат некоја состојка која не се препорачува преку ден да се нанесува, пр. ретинол), обратно нема проблем.
Има луѓе што нанесуваат спф пред спиење. За утрото да се заштитат колку-толку од зраците низ прозор. Претерано е според мене, но ако поднесува кожата, не е штетно. Кремава колку што гледам нема спф.
Имаше едно видео, reaction правеше на некој кој го применувал тој начин и за прв пат на фаца и се познаваше реакцијата, во смисла: this is too much effort, дури и за неа.