Може да е реакција на кремата, не е чист хујалурон веројатно може имала и други состојки. Затоа реков мора хујалуронска киселина затоа што таа се става на влажна кожа и веднаш потоа крема.
Frezyderm sun screen velvet face SPF 50+, Bioderma Hydrabio SPF 30, Eucerin Aquaporin SPF 25 или Hyaluron filler SPF 30. На Зегин онлајн види ги цените. Околу празници најчесто имаат попусти. Пробај на полувлажна кожа хијалуронска киселина, па малку крем, па ретинол и врз него пак крем. Можеби нема да ти се суши толку кожата.
Ако не ставаш крем врз хијалуронот, немаш никаква хидратација. Хијалуронската киселина ја влече влагата од кожата кога не е "заклучена" со крем, и затоа лицето ти е суво и дехидрирано. Како ноќна крема може да го користиш calming кремот на Конопка, а хидратантен крем со спф, тонираниот крем на Моса. Ова е првиот крем А ова вториот Во Белина ги има двата, ако не сакаш вакви креми, види од претходно предложените.
Од овие набројаните една крема да земам или сите во комбинација? Извини може глупо звучи но не ми се познати кремиве па да не згрешам. Чист ретинол ставам навечер без ништо пред и потоа, а сабајле хијалуронска киселина пак без ништо. Мислев лицето ми се чисти кога почнав да ги користам но веќе почна да ме загрижува, поминаа 2 месеци, не е нормално толку перутење. А пробав со влажни прсти и стварно каде каде е подобро. Со години користев еуцерин како крема и ми беше ок. Но еуцеринот со овие киселини не ми одговара. Сега многу креми ми предложивте, ќе треба да седнам да прочитам, битно се хидратантни креми а гледам и со спф има па ми изгледа како добра комбинација. Не да ми е дехифрирано лицево, мислам ќе ми се истенчи од толку перутење уште малку . Се чудам па како изгледам свежо и тонот е изедначен, чудна работа. Фала ви многу за препораките
Било која од кремите, не сите. Овие што ти ги предложив јас, може и двете да ги земеш, првата нема фактор, затоа ти ја предложив како ноќна, а и не е скапа, околу 370 денари е мислам. Втората е со фактор, и е сосема солидна за лето и дава убав сјај. Само ретинол и само хијалурон не се доволни, како што кажав, хијалуронот ако не е покриен со крем, ја дехидрира кожата.
Го видов составот на кремите, интересен ми изгледа посено ноќната крема што ми ја предложи. Ги нарачав денес, едвај чекам да стигнат да ги помирисам . Ке пишам дали имам подобрување но прво да ги користам бар некој краток период. Фала многу
Оваа крема е повеќенаменска момеш да ја користиш и на други делови на телото, и за лице и за тело е . Исто така за нормална кожа ако сакаш од Конопка е оваа : Можеш и двете и ден и ноќ да ги користиш
користам долго време крема на доктор конопка зелената повеќе не ми одговара на кожата да ми препорачате каква крема да ставам, бидејќи користам ниамицин и пептиди на ревокс. Совет?
Богато хидратантна крема за нормална до сува кожа, јас имав мрсна и ми одговараше. Ако ти се перути кожата да знаеш дека не е од кремата туку од ниацинамидот. Исто така ти ги препорачувам дневната и ноќната крема на Натура Сиберика Софора Јапоника.
фала бубе но не ми се перути но некако тешка ми е на лицето ко да носам товар намене, фала ќе купам некоја од овие
Имам мрсна кожа ама дехидрирана. Пудра многу ретко ставам ама кога ставам делува многу cakey, како некој со брашно да ми дувнал во фаца. Препорака за крема нешто?