Уф не знам ама во Белина ја има. Оваа е за сува кожа ама мене ми одговараше ради хидратацијата што ја нуди. Инаку иста кожа имаме.
Iunik Beta glucan daily moisture cream или La Roche-Posay Effaclar H и серум Eucerin Moisture booster.
Zenicki, a Loccitane ima li nekoj koristeno? Da spodeli mislenje, dali bil zadovolen i opsto dali vredat,posto malce se poskapi od purito i kompanija Kao prirodna organska kozmetika ja vodat, a dali e prirodna sto mirisa na parfem cela? Ne deka mi smeta,bas prekrasno mirisa, ama so znam...anyone?
Па дека се органска природна козметика - не се , имаат состав како останатите традиционални креми туку ако ти одговараат тебе користи си , јас лично немам користено ништо од нив
Парфемот е единствена состојка која пожелно е сите да ја одбегнуваат. Некои го толерираат добро, но никој нема корист од него, баш напротив може само да штети. Конкретно за производите не можам да кажам мислење, ги немам користено.
900 и нешто денари беше на попуст во Зегин, сега гледам е со нормалната цена 1233 денари. Едит: Ако не ти се брза би требало поголеми попусти за 8 Март да има.
Devojki, a dali Weleda vo zegin i Annifarm, e istata sto ja koristela Julia Roberts? Citav dobri reviews, za lice i telo e, ultra rich (ima i light verzija) epten mi fati oko, a gledam i ubav sostav. Ako nekoj ja koristel i e (ne)zadovolen da mi pise, pretty please
Истата е. Јас ја користев рич верзијата и е баш густа, но имаш чувство како да го храни лицето. За преку ден ми е премногу тешка, но за навечер кога ми е сува кожата ми е супер.
Fala na mislenje. I jas za navecer ja planiram, za den ja zemav toniranata krema so spf na Mossa. Se otkazav od Loccitane, ovaa na Weleda mi lici na poprirodna od niv vo sekoj slucaj. Plus poevtina e kade-kade
Здраво, препорачајте ми крема за околу 50 години, нормална кожа, нема некои посебни барања.. Досега користеше Eucerin hyaluron filler ама сака да смени. По можност во Зегин да ја има. Фала ви однапред
Da ja pofalam Weleda Skin Food. Znaci osven sto mirisa mnogu jako i cudno,na nekoi vestacki limonski citrusni aromi (kako evtini bomboni od limon ) , na kozhava moja e fantazija. Nemam suva kozha, a sepak ne mi e teska. Mi ja preporacaa vo apteka Light verzijata, ama jas sakav pogusta da bide...i e navistina mrsna kako pavloviceva nekako, ama lice pamuk meko.
Моја топла препорака за кремите на So Bio Etic од арган, дневна и ноќна. Конкретно овие две Препорака за кожа над 30 години, не дека не може и порано да се користи, ама кремите се одлични. Може слободно да се користат кај нормална, комбинирана и сува кожа. Мојата е комбинирана кон нормална. Денскиот крем има полесна структура, лесно се размачкува и впива, не е мрсна иако содржи арганово масло. Хидрира, освежува и смирува. Ноќниот крем е како желе, помрсен е, на почеток имав чувство дека ми е тежок и мрсен. Ама, убаво се впива и не се осеќа тежок и наутро немам маснотија и светење на лицето како со некои креми порано. Во ладниов период дефинитивно се супер, ќе видиме како ќе се покажат кога ќе се стопли.