Сега ти е сува,а во лето масна? Konopka’s зелената крема Natura Siberica sophora japonica дневната и ноќната So bio etic rich cream Ги има во белина.
Сакам да прашам, дали кремите на Mossa се пигментирани?? Ако да, дали даваат убав свеж изглед на лицето. Мене не ми треба да е нешто покривна, само да дава убав изглед. @koritsaki
Овие две се пигментирани Едната е без спф, другата со спф 30 Јас таа со Спф ја имав , не е покривна ама изедначува тен
Јас ги имам двете што ти ги посочила коритсаки. Ако сакаш спф тогаш втората, ама ако сакаш како пигментирана, а полесна на структура и убаво изедначување на тенот првата би ти рекла дефинотивно. Мене првата многу ми се бендиса прво на тестер, а потоа си ја нарачав како продукт ја имам ставено неколку пати, ептен ми остави убав впечаток. Таа со спф е потешка за лице бар според мене.
@koritsaki @Ano Ви благодарам, сакам да пробам од овие креми на Mossa па ќе видам за која ќе се одлучам. Ако има и некоја друга пигментирана крема што вас ви се допаднала предложете.
Дали некој ја пробал кремава за лице да сподели каква текстура е и дали предизвикува акни? Со оглед на тоа што е наменета за тело и доаѓа во огромно пакување..Но пишува дека е некомедогена, без парфем со ниацинамид. Прочитав позитивно мислење и не ми излегува од глава да ја земам
За мене е одлична, воопшто не ми го иритира лицето. Дури и текстурата и некои флекички забележувам се подобруваат, дава ефект ниацинамидот. Пишував и во друга тема ако те интересира повеќе.
https://www.bellina.mk/p/973/oblepikha-c-berrica-vitamin-ts-lesen-krem-fluid-50-ml?categories=35 https://www.bellina.mk/p/1032/deep-...lona-kon-akni-i-iritatsii-50-ml?categories=35
Здраво девојки, дали некоја ја има користено на Embryolisse sensitive кремата? Полесна е од оригиналната ама сакав да видам и ваше мислење. Имам моментално дехидрирана, реактивна и комбинирана кожа плус лесно ми се формираат whiteheads ако кремата е повеќе оклузивна... Или можеби некоја од вас ќе има друг предлог? ☺️
Ова е баш хидратантна крема крема за масна кожа(хидратантна во смисла да дава влага која и фали на масната кожа). Многу лесна текстура и веднаш се впива, не чувствувам дека имам нанесено крема. Околу 700ден беше, ја купив од некоја нова страна на фб со органска козметика GreenHeals.mk
Од медицинските од сите брендови мислам дека има хидратантни со матирачки ефект. Такво нешто бараш? За преку ден или ноќ? Effaclar H од La Roche-Posay во комбинација со истиот чистач.
Да, нешто со мат ефект, ја користев на Natura Siberica не сум задоволна одма ми се мрсеше лицето, пред неа на Bioderma ми беше добра али сакам да менам. За преку ден барам
Ти треба гел крема, за да не ти ја мрси уште толку. Јас ја користам оваа веќе 3то паковање ми е. (без масла) https://coslovemetics.mk/product/tiam-ac-fighting-oil-free-aqua-cream-80ml/ а ја имаш и оваа исто е гел крема( ја чекам лето да дојде да ја пробам пошто пишува демек има разладувачки ефект) https://coslovemetics.mk/product/heimish-watermelon-moisture-soothing-gel-cream-110ml/