Која ја користеше од Биодерма? Инаку без заштитен фактор: Effaclar MAT од LRP, Dermopure матирачки флуид од Еуцерин, Hyseac MAT од Uriage. Со заштитен фактор: Eucerin Oil control SPF 50, Sensitive protect SPF 50 флуид, Bioderma Photoderm max SPF 50 aquafluide, Photoderm AKN Mat SPF 30.
Дали прв пат го пробуваш и каква кожа имаш?? Ме интересира каква е текстурата и дали трае подолго со оглед дека е 40 мл но претпоставувам малку е потребно за едно нанесување..
Здраво дали некој ја има користено Bioderma sensibo light? Имам нешто измеѓу нормална и сува кожа па ме интересира дали ќе биде доволно хидратантна за мене.. Ми треба крема без комогени состојки, така да ако има некој друг предлог добредојден е
Јас ја користам ама имам комбинирана кожа. Мене ми е супер нежна и смирувачка, се впива веднаш и не сум имала реакција до сега, 2 ро пакување користам. За сува може рич ке ти одговара повеќе. Инаку сега ја нема како се сенсибио туку како толерианс лајт и рич, ама не сум ја пробала со ребрендирањето дали е иста.
Неколку дена ја користам на Биодерма, мислам дека од Натура Сиберика станав алергична од последната, дури и главата почнуваше со чешање и пецкање, од шампонот 100% не е, го сменив и него. За Биодерма можам да кажам дека е прва крема која од прв ден се чувствува промена т. е поголема хидратација на лице. Лицето веднаш станува премеко, нежно, досега ми е супер.
Да го прочитав тоа и мислам дека ке ми одговара бидејки имам комбинирана кожа, ама во описот стои дека кремета природно покрива мали флеки и несовршености па за тоа мислев да не е пигментирана .
Биодерма за хидратација на кожа е мојата, има и за оштетена и за сува кожа со дерматит. Имам нормална кожа.
Прелог крема за лице за 60+ за нормална накај сува кожа? Да има антиејџ состојки и да ја има во супермаркет или дм.