И јас имам конбинирана, ги имам користено порано и дневната и ноќната ми се покажаа како океј. Дневната не ми беше доволно хидратантна колку што памтам, но немав иритација ни од двете
Јас ја користам ноќната на Балеа за осетлива кожа. Има и на Алверде исто за осетлива, и таа е добра, само е малку помрсна.
Од тие на Конопка , таа портокаловата е за сува кожа, другата е за чувствителна. Јас зелената на Конопка ја користам , таа е за масна кожа. Најхидратантна, портокаловата би требало
Dr. Konopka calming cream https://www.bellina.mk/p/105/calming-krema-za-litse-za-normalna-i-mrsna-kozha-50-ml?categories=41 So bio etic hydra light cream https://www.bellina.mk/p/1383/hydra...ema-za-litse-od-aloe-vera-50-ml?categories=41 https://www.bellina.mk/p/1940/pure-...kombinirana-i-mrsna-kozha-50-ml?categories=41
Витаминот Ц општо помага за флеките на лице.ама јас би ти препорачала на Моса серумот да го земеш. И врз неа оваа крема.
Неодамна ја купив оваа крема на Росал, ме привлече минималистичкиот дизајн. Нема некој мирис, онака сосем пристојна крема во однос на цената (не се сеќавам колку точно беше, но во секој случај ја купив за помалку од 300 денари). Доста лесна крема е, брзо се впива, не остава масни траги по кожата, ама не е нешто многу хидратантна. Барем не онолку колку што преферирам. Почнав да ја ставам навечер во комбинација со арганово масло, така ми се покажа како далеку подобра опција за мојата кожа. За наутро ја зедов оваа од Натура Сиберика, највеќе поради мирисот. Башка што, супер е и за под шминка, ми одговара и онака кога ја оставам само неа на лице. Целата оваа линија со боровинки е одлична. Толку убаво мириса, малку ми фали да почнам да ја мезам ко десерт кремава.
Молам за препорака на крем за лице, инаку имам сува кожа 36 години и дилемата ми меѓу Flurance natural со матичен млеч, Uriage eau thermal rich, Bioderma Hydrabio или некоја четврта по ваша препорака
Дали сте задоволни од некоја од кремите на балеа? Комбинирана накај мрсна ми е кожата, обично си ја користам на конопка ама гледам по маркетиве ја сменува а и во белина многу работи немаат достапни, па да имам замена за секој случај. Ми се свиѓа текстурата на таа од конопка ако има нешто слично да ми препорачате, само да не е поскапо од 350, 400 денари.
Дали е хидратантна кремава од Natura Siberica? Имав мрсно лице, но сега ја чувствувам кожава затегнато/дехидрирано
Сега за овој период ми е супер, но не знам колку би ми одговарала во текот на зимата зашто кожата ми е специфична во тој период. Ќе треба да пробам па да споделам.