Има , но само во одредени онлајн продавници. Вака по парфимерии аптеки ги нема. Јас во Грција живеам и порано ги порачував од ecco-verde.com страната. Таму има се од нив
Дали наместо серум што содржи ретинол ќе можам да ја комбинирам кремата Airol со други производи на лицето? Мене ми треба за превенција од брчки за поладниот период што следува некоја да ја користела за таа намена?
@cooll не, наместо серум , крема @Beti82 аирол ја има во Грција по аптеките, прашав една моја пријателка што е фармацевт. Читав постари постови од членки овде па се заинтересирав за кремава ма да наместо таа може да ја земам на крај La roche posay redermic R , читам добри коментари и за неа
Аирол е третиноин кој е прилично јак. Најдобро е да се става врз крема и толку, никакви други продукти. Ретинол нема потреба да се користи.
Дневна Ноќна Презадоволна сум од дветеОваа од Моса може да се користи и како дневна, јас така си ги имам распределено затоа што имам мрсна кожа (особено во лето ептен светам) и ми треба нешто што матира.
Читав многу пофални зборови за кремата и овде и на страницата на Белина, па решив и јас да ја пробам. Дојдов и јас да ја пофалам. Многу е убава, а не е скапа. Ја користам три недели.
Аиролот содржи третиноин што е ,,нај јака форма на ретинол,, односно Ретинол и третиноин се примери на ретиноиди. Третиноинот се продава под многу брендови, вклучувајќи го и Retin-A. Третиноин може да се смета како поконцентрирана верзија на ретинол, т.е третиноинот е посилен од ретинолот. Имам пишувано мн одамна дека го имам користено Аиролот но по препорака од дерматолог. Пошто е доста јак земи ја најслабата концентрација. Пошто постојат 3 .
Таа варијанта е уште подобра, затоа што тоа е појака верзија на ретинол. Обавезно на вечер, мала количина и за почеток е добро да се става хидратантна крема, па аирол и пак крема. И наутро обавезно спф
Благодарам на сите. Не знарв дека има три концентрации од кремава, ама ќе прашам дали ја имаат најслабата. Ако не, наместо таа, ќе ја земам на La roche posay redermic R Секако од септември или октомври би почнала со ретинол
Дали е лесна текстурата на mossa кремата? Препорака за добар хидратантен крем со лесна текстура или флуид за осетлива кожа?
Кремава дали ја има некој користено? Од виолетовава колекција ми се погодија мицеларната и шампонот, па ми фати око и кремава. Последно ја земав на Афродита - Ботаникал микс, хидрира и лесна е за летно време што ми е најважно. Не се чувствува на лице, веднаш се впива.
Здраво, може ли да ми предложите крема за лице и серум за нормална кожа, чисто за хидратација. Неколку месеци користам на Natura Siberica Wild blueberry кремата и серумот, ама сакам да сменам. И да напоменам трудница сум, најмногу и ради тоа пишав за препорака, бидејќи не сум сигурна што да барам од козметика. Благодарам❤
Здраво девојки, имам 24 години и имам сува кожа и некои брки по очите и решив да земам крема од гарние со хијалуронска. И почна да ми зголемуваат брчки околу очи. Од 2 сега се 4 и некако се подолги. Што ме советувате за замена.
Купи си масло од јојоба. 500 ден. од аптека. Имам многу нежна кожа и се друго што сум пробала ми ја иритира кожата.