Јас ја добив од една наградна игра, а сум помислувала да ја купам , на лице не е лоша ама толку грозно ми мириса што избегнувам да ја искористам само заради тоа.
Морам да те поддржам за мирисот.. Ништо посебно, иако многу ја изрелкамираа во последниот период и некои од нашиве блогерки влогерки што и да им е називот..
Дел од асортиманот има и низ ДМ маркетите. И во Белина, но во продавниците, не се сеќавам кај им беа, сигурно пишува на сајтот.
Јас ја користам оваа И е најдоброто нешто што моето лицего допрело. Прелесна е. Имам комбинирана кожа.
Јас имам нормална до комбинирана кожа. Кремата мене ми одговара посебно сега во бременост затоа што е доста хидратнтна. Искрено, мислам дека не би одговарала за мрсна кожа склона кон акни.
Земи ја таа во моето мислење над тебе Јас имам комбинирана кожа.Мрсна Т-зона а другото нормално. Користам прво Афродита пена за мрсна кожа, па ставам салицилна киселина па кремава.Ова навечер. Насабајле сум џам.Ни мрсно ни ништо. А пред кремава не користев никакви, пошо и една точка да ставев, зејтин ми стануваше лицето А оваа е лесна
Погоре имам пишано за кремава. За масна кожа не е, за нормална сува да. И пак ќе кажам грозно мириса, ужас
Предложете некоја крема против брчки под очи за 23 годишна кожа. Како што слабеам уште повеќе ми се познаваат. Генетиката ми е таква...
Земи крем со пептиди. И хијалурон има, па таман ќе ти дојде. За цело лице е, не само за очи, одличен е. Моја препорака ти е кремот со пептиди на Натура Сиберика Го има во Белина, и онлајн и во нивните продавници. За очи има од истава линија во црвено пакување. Ќе ставам слика да најдам само. Edit: еве слика