Ќе морам да ги земам, пошто ако зеам тестери и чекам дур отидам пак ...може да пројде доста време. На база на гел, користев Хада Лабо и ја баталив дневната затоа што лепи плус не е хидратантна за во зима. А ноќната комплет , ја баталив. Какви се овие креми за во зима?
Не се геласти тие сега што ги имам , хидратантни се и двете, ти со комбинирана кожа земи ги 3/4 , тие за сува комбинирана да не се па ептен масни. Еве да видиш внатре како изгледаат
Доколку сакаш крема, со анти-ејџ дејство базирана на пептиди јас би ти ја предложил оваа, совршена e: https://bellina.mk/p/1036/derma-collagen-hydra-silk-krema-so-peptidi-za-site-tipovi-na-kozha-50-ml, од оваа линија има и ноќна крема: https://bellina.mk/p/2376/derma-collagen-night-source-nona-krema-za-litse-so-peptidi-70-ml , таа е нешто "помрсна" и похранлива за разлика од претходната шо инаку можиш да ја користиш и наутро и навечер. Поевтина варијанта ти се овие од mossa: https://bellina.mk/p/1065/vlift-wrinkle-resist-kolagenska-dnevna-krema-za-site-tipovi-na-kozha-50-ml, https://bellina.mk/p/1066/vlift-deep-recovery-kolagenska-nona-krema-za-site-tipovi-na-kozha-50-ml Бидејќи рече имаш комбинирана кожа, за тој тип на кожа најдобар ми се покажал овој балансирачки флуид: https://bellina.mk/p/1033/deep-moisture-fluid-za-normalna-i-kombinirana-kozha-50-ml шо ги хидрира сувите делови, а воедно не дозволува прекумерно мрсење на Т зоната. Нешто слично, базирано на 4 типа хијалуронска киселина, зашто сепак си под 30 и не ти треба некој интензивен анти-ејџ третман: https://bellina.mk/p/761/hyaluronic-acid-krema-za-litse-40-ml За спф мој предлог, зашто и јас ја користев од фрезидерм и ми се смачи, https://heliocare.co.uk/products/oil-free-gel ја има во еурофарм, а доколку сакаш на база на физички филтри: https://bellina.mk/p/1475/alga-maris-krema-za-litse-so-spf50-50-ml?categories=111 или некоја од пигментираните варијанти.
@koritsaki на толку пробувања, препораки, продавачката во сефора оваа ми ја "тутна" Многу е убава и лесна Проблемот е друг. Од се што ми препорача, немаше креми , туку само тестери Не сакав да ризикувам за дневна крема и да земам гел верзија, ја земав повторно Sephora hydrate + mattify за преку ден.
Дали пред да нанесам од Моса кремата со спф може да ставам хидратантна крема? Бремена сум и кожата во бременоста од комбинирана ми се направи сува. На почеток кога ќе нанесам од Мосата лицето ми е перфектно, здраво, хидрирано и сјајно ама за кратко време станува суво и затегнато. Да напоменам дека пред да нанесам од Моса спф, ставам хијалурноски серум.
Можиш да ставиш. Откако ќе ставиш хидратантен крем, почекај да се апсорбира добро, па потоа спф можиш да ставиш. Кога ќе ставаш хијалуронски серум, ставај го на влажна кожа, и десетина секунди по ставање на хијалуронот можиш да ставиш хидратантен крем за да не дозволиш хијалуронот да влечи вода од кожата, него од кремот.
Zdravo devojki,nova sum na forumov.Mi treba sovet okolu izborot na soodvetna krema za moeto lice.Imam 34god.normalna koza,no posle bremenosta mi se pojavija fleki na celoto,a tuka veke se i nekoi pocetni brcki.Nekako umorno mi izgleda licevo.Do sega sum nemala nikakov problem i osven becutan ne sum koristela nisto,a gledam na belina ima interesni proizvodi.Pozz
За флеките витамин Ц би требало да помогне. Мислам имаше членка тука што имаше таков проблем со флеки, @Sofi.ja мислам беше. Серумот на Моса, glow cocktail би требало да помогне, ама одозгора обавезно крем со спф да ставаш. Е сега не знам какви ти се флеките, може треба поинтензивен третман, за тоа не би знаела точно. За брчките крем со пептиди ти е одлична опција, конкретно овој Јас сум многу задоволна од него.
Јас сум многу задоволна. Кожата ми е мека, сјајна и затегната, не висната. Лесен е, не ја гуши кожата, брзо се упива, ама не како да немаш крем, туку баш се осеќа меко и мазно лицето. Постојано го купувам да си имам резерви. Брчки немам некои особено, освен при смеење, е сега кај мене генетиката е клучниот фактор за кожа без брчки, ама со кремов има добра превенција од нивно создавање понатаму, а може и да исчезнат некои поплитки линии.
Ja koristel li nekoj ovaa krema, gledam mnogu ja falat, koja e razlikata od ovie dvete. Dali samo ja nivnata strana moze da se poraca ili ja ima Po apteki. Na etranata vidov mislam pisuvase 40ml nekadena nad 900 den bese.
Едната е за сензитивна кожа, а другата нивната оргинална формула, класичната да кажам. Јас ја користам класичната и многу сум задоволна. Ја земам од Зегин, 30мл е околу 600ден, а големото пакување од 75мл е околу 1200.