Мислам дека ќе ти одговара. Јас сум бремена и во бременоста кожата ми стана многу сува, кремава ми е полн погодок.
@koritsaki да не случајно ја имаш користено кремава? Многу слатко изгледа пакувањево, ептен girly. Ја гледав, ја има во сетче со мало шишенце од тој серумот на Ланком и уште една мала крема за околу очи од истата линија како серумот. Серумот ми е многу убав, го дотрошувам, но за кремава нешто се двоумам. Вреди да се земе или? Кожата периодов ми е повеќе накај нормална, само околу носот е малку масна. Во моментов ја дотрошувам Clarins Hydra Essentiel, која ми е одлична навистина, презадоволна сум и ако ја купам пак би ја искомбинирала со кремата за околу очи од истата линија. Ама секогаш кога нешто е при крај, истата дилема ја имам - повторно да си ја земам истата крема која се покажала добро или да живеам опасно и да пробам нешто друго.
Оваа крема ја немам пробано, инаку читам на нет дека е наменета за сува чувствителна кожа. не знам дали има од истата крема и light верзија од Ланком немам пробано креми за лице, само еднаш серумот го имав од 7мл многу ми се допадна да ти кажам
Има и гел-крем верзија за комбинирана-мрсна кожа. Не ми одговара мене крем со гел формула во зима, затоа оваа повеќе ми фаќа око некако. Најверојатно ќе ја земам, па ќе видам како ќе се покаже.
Гел формулата е наменета според мене за во лето бидејќи ќе ти треба хидратација и брзо упивање. Оваа погоре повеќе ти одговара за овој период.
Јас имам масна чуствителна кожа, до сега ја користев на неутрогена гел кремата, океј е, но приметив дека силиконите не ми пријаат. Некој предлог за крема, а да не е прескапа?
Баш ја гледав оваа крема пред некој ден, ама не бев сигурна дали ке ми одговара бидејки има многу парфеми а мојата кожа многу лесно се иритира :/
Оваа од Ревокс е околу 370-400ден мислам, нема масла, не е тешка крема, но не е ни како гел. За мрсна кожа на зима е мислам топ. Други опции, се оваа https://bellina.mk/p/2036/pumpkin-h...-za-litse-za-mrsna-kozha-od-tikva-i-med-50-ml и оваа https://bellina.mk/p/484/sensible-skin-yoleau-khidratanten-gel-za-litse-za-senzitivna-kozha-40-ml. Вториот производ е баш како гел за сензитивна кожа склона кон иритации, сега е и на попуст на страната.
Искрено нема врска ако нешто е веган дека е безбедно и нежно. Органски / “природни” креми најмогу проблеми ми имаат на мене на пример, со осетлива кожа. Избегнувам такви продукти баш ради тоа што најчесто имаат парфеми и разни есенцијални масла.
Zdravo, imam 29g, cuvstvitelna normalna kon suva koza. Sakam nekoja krema so antiage efrkt soodveten na moite godini, so hidratanten efekt , da mi go revitalizir liceto bukvalno. Se mislam pomegju ovie dve, vase iskustvo i mislenje ve mola. Odnapred blagodaram
Ок. Btw еве тука е многу убаво објаснето за знакчето и не е баш дека нема врска https://www.veganfoodandliving.com/vegan-trademark/
Знакчето е дека производот не содржи состојки од животинско потекло, ниту е тестиран на животни, затоа што има луѓе на кои тоа им е битно. А има и на кои не им е. Нема врска со безбедноста.
Затоа го поставив линкот да си знаат сите, не мораш да ми објаснуваш мене со години живеам со веган и можам цела историја да ти напишам за безбедноста
Зборуваме за козметика, не за храна Тоа што е веган, не ја прави безбедна или погодна за сечија кожа. Еве шампоните мене на пример, ми ја прават косата хаос. Па ако сака и три пати нека е веган.
Merz немам поим каква е, ништо нивно освен витамините за коса немам пробано. Ама Виши кремите ми се покажале одлични. Само што оваа од сликава е за комбинирана кожа, не знам дали ќе ти одговара. Можеш да ја видиш Slow age, во зелено кутивче е. И мислам дека периодов во Анни фарм во Капитол оди во сет заедно со ноќната крема. Расчепкај се на сајтот, ќе ги најдеш.
Ако пишува веган не значи дека е и безбедно. Не секогаш некоја козметика е добра поради тоа што е природна. А и не постојат точно определени ставки според кои некоја козметика ќе се декларира како природна, што значи дека ако брендот сака да се рекламира како природна козметика и во составот ако има само 1 состојка од природно потекло може да напишат на амбалажата дека е природна козметика. Кремата ја имам користено и е премногу парфемирана, има limonene, linalool, parfem и плус многу есенцијални масла (не значи дека се штетни, но на реактивна кожа комбинација од есенцијални масла плус парфем е премногу). Основно е да се знае дека парфемот во козметиката нема никаква улога во негата на кожата, само служи за нас да ни е попријатно користењето.