Здраво дечки нова сум на форумов Сеа ја видов темава и морав да пишам.. можеби и други ке се пронајдат со мојот проблем пошто јас најдов решение и сум многу хепи Накратко, имам проблем со лицето, зимно време ми се лупи кожата и ми е суво, а летно време ми е мрсно и ми се појавуваат акни, порано како тинејџерка имав и акни и сеа поради тоа патам и сега имам проширени пори Пред некој ден бев на дерматолог и ми препиша крема, канаан се вика, еве ги најдов и на интернет, пошто ми даде и каталог докторката... Дечки, досега ова е најдоброто нешто што сум го пробала, лицето ми е супер и многу ми е мазно, што е најбитно не ми ја суши кожата воопшто.. ќе видиме како ќе се покаже во лето, ама сега за сега немам зборови Иначе, докторката ми кажа дека за мојава специфична кожа, треба да ја менувам кремата според годишните времиња, бидејки и таа се менува. Ако некоја од вас има проблем како мојата кожа, плис пишете!
Јас имам проширени пори највеќе на носот,и ми ја препорачаа маската од кал од Канаан па ќе ја земам за најбрзо време. Мене не ми е ни сува ни масна кожата,променлива ми е.Некогаш помасна некогаш посува. Дали ги намалува порите оваа крема ме интересира? Благодарам.
Еее додека бев таму докторката ми стави од маската од кал и стварно е закон одма да ти кажам и стварно делува. Кремот сега за сега ми е супер и стварно го прави лицето мазно, не е ни мрсно, не е ни суво и не ми се гледаат порите , ама тоа може да е и од маската пошто она таму ми го чистеше лицето. Еве најдов линкче од козметикава http://canaancosmetics.mk/ Ке ти пишам какво ќе ми биде лицето за некое време, пошто треба мин недела дена од користењето
Колку пари е кремата, јас на страната не видов цени а баш ме интересира колку пари е кремата за сува кожа.
Крем од Алое од oriflame.За сите типови на кожа.Обичен хидратантен крем-немам многу проблеми со кожата.
Имам комбинирана кожа, па досега сите испробани креми не ми помогнале нешто многу.. затоа ставам тенок слој Павловичева, бидејќи е малку помрсничка или пак Бекутан. Овие ми се некако универзални, никој не се пожалил од нив
Моментално го користам стариот добар бекутан и баш сум задоволна,а претходно го коритев нивеа софт кој воопшто не ми се допаѓаше,иако велат дека е хидрантен мислам дека мене многу брзо ми го сушеше лицето и не осеќав никаква влажност
Bubchen..Од мед и млеко..Предобра е..Пробај ја http://84.40.55.20/~koenvanwaesberghe/i ... hen-i5.jpg
Ај дајте некоја крема за лице за претерано проблематична кожа Неможам да си најдам соодветна крема како подлога за пудра , но и за секој де Инаку освен проблематична, кожата ми е комбинирана накај мрсна
ИмаВ суво лице, и користев крема за сува кожа на лицето, гел за миење за сува кожа, значи се се се за сува кожа! НО, во последниве два месеци кожата ми е повеќе мрсна, отколку сува не знам дали баш поради сите тие препарати за сува кожа или што и да е, и ми излегуваат чат пат бубуљички што многу ме нервира. Почнав да ја користам Nivea Soft повторно, како некоја понеутрална крема, ама мислам дека ми го прави малце мрсно лицето. Каква да купам сега? За мрсна, за нормална, за комбинирана Не сакам па сега со некоја друга да си ја пресушам кожата. Инаку лицето ми е многу осетливо, склона сум кон алергии и слични глупости. Ја користев Nivea Visage за сува и чувствителна кожа и ми беше супер, се до пред месец ипол-два.. Сега ми го прави лицето мрсно Совет?
Ау секакви имам користено, најразлични, зависи од сезоната и влијанието на временските услови врз лицето, дневни и ноќни, мрсни и погусти, побрзо и потешко што се упиваат во кожата итн. а најмногу зависи и која ќе ми биде мерак да ја купам, и да сменам секако. Сега ги користам двете на Нивеа од истата колекција и дневната и ноќната, мрсни се, убаво мирисаат, а и доста меко ми го прават лицето. Некогаш дур да си купам своја крема ко ќе ја потрошам претходната си ставам и од она Женшен во зелено кутивче на мајка ми Е овој сет го имам
Хеј грлс, њу мембр хир Само што ја купив кремата на Докторс Витамин Крема со масло од авокадо и витамини А,Б, блабла.. чудна ми е некако, мислам немам користено досега ништо со сличен изглед..како лабело е! Па мислев дали има некој искуство да сподели? Инаку розева е, ако ви значи нешто Фала однапред
Моментално следните ги користам Lavera,Lubex.Nivea anti wrinkle,Satina,Eucerin со хијалуронска киселина,La roche...Имам премногу креми за лице и ги менувам затоа што и кожата не ми е стално иста.