Препорака за хидрантна дневна крема за сува/комбинирана кожа пред да одам на работа? Некогаш имам црвенило , некогаш не а и ми се лупи по малку ( не целосно )
https://www.bellina.mk/p/1061/derma-smiruvachka-krema-za-litse-za-iritirana-kozha-50-ml Веќе второ пакување користам, одлична ми е, посебно за овој период кога ми е потребна поголема хидратација. Баш е наменета за сензитивна кожа
Да, особено ако е веќе отворена и додека поминува рокот ја трошам или ако воопшто не е отворена (под услов веднаш да почне да се троши и истроши за брзо време). Ако подолго стоела без да се користи и со и без рок си се познава дека не е веќе за користење.
Здраво девојки, дали ги имате пробано кремите на Афродита Хидра Б5? Имаат дневна и ноќна крема, па сакав да знам дали даваат добра хидратација. Фала вии ❤️
Во последно време ја користам на Lab Biome со хујалуронска киселина и спф 30. Кремата е добра, некоја полесна текстура има, зеленкаста боја, веднаш се впива но проблем е што некогаш ја осеќам тешка на лице и не држи долго пудрата иако после нејзе нанесувам прајмер. Мислам дека е поидеална за оние со сува кожа, особено за оние со лишаи поради тоа што нуди богата хидратација. Дефинитивно не одговара за комбинирано/мрсна кожа барем во мојов случај.
Devojki, megju ovie tri, za suva kozha? Kombinirana imam, ama za vo zima koristam poteski kremi, mnogu mi se susi od ladnoto. Lani zimata Weleda Skin food, taa mrsnata zelenata za navecer ja koristev, a preku den Olival so smilj ultra rich. Super mi bea, ama lakom gz da probam i druga
Сите се одлични за сува кожа, и јас сум со комбинирана, ама во зима како да ми се суши од ладното. Најубав ми е СОС кремот на Мадара, вистина е прилично поскап од другиве, ама феноменален е за кожата, за зимскиот период. Ама и другите не се лоши, ако сакаш поевтин крем.
Некој кој се разбира дали може да ми предложи крема со сличен состав на овој? Лесна ,хидратантна крема без парфем...оваа ја нема подолго време во Белина па ми треба замена ... @Biodevojka ?
Предлог хидрирачка крема за лице за нормална/сува кожа со акни? Ја користам Ефaклар дуо плус како третман за навечер, но не ми одговара за под шминка бидејќи се лупи и не хидрира доволно.
Предлог крема (за нормална кожа) со следниве состојки: маслиново масло, витамин Е, F и B3 (по можност во аптеки да го има)?