Effaclar H или Hydraphase HA (има light и rich верзија од оваа) од LRP. Прашај во аптеки дали имаат тестери да ти дадат. Можеш да вклучиш и Cicaplast B5 спреј или балсам во ноќната рутина со Effaclar duo + за зајакнување на бариерата и регенерација на кожата.
Здраво драга може да пробаш оваа без парфем може за нормална до сува кожа. Како структура е лесна https://www.bellina.mk/p/386/nourishing-krema-za-litse-za-normalna-i-suva-kozha-50-ml Инаку исто оваа е преубава има малку парфем ама воопшто не се чувствува. Лично ја имам пробано https://www.bellina.mk/p/497/soothing-krema-za-litse-za-senzitivna-kozha-50-ml Друго се што видов содржи парфем. Имаше една линија на Уртекрам без парфем ама изгледа ја нема веќе. Доколку не е проблем малку парфем може и друго да ти препорачам. Дефинитивно оваа е најдобра за хидратација за масна кожа https://www.bellina.mk/p/105/calming-krema-za-litse-za-normalna-i-mrsna-kozha-50-ml
Штознам, нормална накај сува. А некоја анти-ејџ од овој тип на ,,природни,, креми од која сте задоволни? Ги користам родеола росеа од Сиберика, да ги мењам или не?
Ако е нормална накај сува, можеш да ја земеш Јас од Моса во последно време користам крема и многу сум задоволна. Антиејџот не сум ја пробала , Оваа е Од истата има и ноќна. Јас vitamin cocktail 5во1 ја користам , супер е, но антиејџ не е , здравје накај 40 кога ќе бидам
Јас ги користев тие на Моса што ги спомна @koritsaki и добри се, не се лоши, ама уште поубави ми се на SoBio Etic дневната и ноќната крема од линијата precieux argan, овие Спојлер Првава е дневната, а оваа подолу е ноќната Спојлер Ставив во спојлер оти сликиве се огромни. Кај нас имаат ок цена, ама и траат доста. Мене ми се супер, особено на поладново.
@Annath од овие креми на So bio etic , ја имав дневната во мало тубиче и и ја дадов на мајка ми мислејќи дека е за многу повозрасна кожа. Дали се многу мрсни кремиве? И за која возраст се поточно? Едит: сега видов дека има лајт верзија од истиве
Дневната не е мрсна, ама ноќната е доста потешка и масна, но мене ми е убава, секако не ставам премногу. За периодов кога е поладно ми одговара. Мирисот им е преубав. Не е стриктно за зрела кожа, може и помлади да ги користат. Не е ни наведена возраст, ама мислам дека може од 30+. Јас ги користам веќе година, ама во лето не, оти претешки се кога е топло за мојава кожа.
Не е анти-ејџ но е многу добра за твојата кожа. Многу хидратира, ја користев лани зимата како вечерна крема. Навистина ми се допадна. Сега ја користам од истиов бренд само лајт верзијата за комбинирана кожа која е многу добра исто така. Наутро кога ќе станам лицето не ми е мрсно.
И според мене со био етик е најдобра. Јас ја користев линијата со магарешко млеко има две креми една е полесна хидратантна за нормална накај комбинирана кожа, а другата е за сува. Мене најискрено и двете ми се допаднаа премногу. Г рецензирав во ова видео Исто така многу сум задоволна од Жонзак предобра е има и за сува кожа и за комбинирана https://biodevojka.blogspot.com/2022/09/jonzac.html И од оваа доколку имате мрсна кожа https://biodevojka.blogspot.com/2022/10/blog-post_30.html
Од последната бев многу задоволна, ја потрошив до крај. Како ноќна крема одлично се покажа, ја матира кожата.
Ја препорачувате ли за комбинирана кожа? Знам дека од Конопка има и за масна до комбинирана кожа, но периодов кожата како да ми е посензитивна, иритирана и сува.
Да да, за комбинирана е супер, мене летно време дека помрсна ми е кожата ми беше тешка. Лани зимата ја користев и одлично ми одговараше. На комбинирана кожа највеќе одговара
Мислам дека @annii ја спомна L'Oreal hyaluron specialist пред некое време. И јас ги купив и дневната и ноќната, баш ми одговараат, задоволна сум. Поготово од ноќната, таа повеќе ми се допаѓа ко за сега. Си купив уште по една од двете да имам резерва, таман да искористам додека беа на попуст во ДМ и како се испразни рафтот, така исчезнаа кремиве. Штета ако ги повлекуваат, со недели веќе си зјае празен рафтот и само мицеларната вода и тој jelly серумот од истава линија им се останати. Спојлер