Некоја да користела креми на Shiseido? Спф кремите се одлични, па ме интересира какви им се кремиве. Првично ги тагнувам @Ginger^ @Sexybaby86
Немам користено креми за лице на Shiseido, единствено ја имам користено кремата за околу очи од линијата Benefiance и бев задоволна
Се мислам да пробам една од нив, прво мислев мрсна ми е кожава, ама можеби и дехидрирана ми е само..зелената не ми се погоди многу многу
Зелената иако е за мрсна кожа наменета , треба да се внимава колку се нанесува зошто е густа. И другите се слични. Жолтата е за сензитивна кожа наменета.
Ја има ли некој користено? Јас имам комбинирана кожа али не во крајни размери т.е не ми е ни премрсна ни пресува на одредени делови, можеби и комбинирано со нормална. Ми одговара крем што дава glowy,dewy, glass skin финиш(никако мат), но да е со лесна структура, да не е премрсна кремата. Нешто како нивеа софт, многу ми беше убава структурата ама ради состојките престанав да ја користам. Дали овој крем би ми одговарал? Спф-то од истиот ми е предобар. Ако не препорачајте ми некој друг
Моментално користам колекција La Roche и сум презадоволна. Имам сува кожа и после пораѓај почна да ми се перути и само овие ми помогнаа. Освен тоа кожата ми е многу мека .
Да Едит: Јас сега со ладново интензивно ја користев на рацете, ми беа целите суви испукани , ми се врати кожата во нормала од кремава. Може да се користи на лице , на тело, нозе каде што е потребно