Јас имам комбинирана кожа, не знам што не сум пробала ништо не ми одговара. Еднаш на мајка ми и дадоа на раб. Една крема ќе ја ставам во слики, преубава беше, хидратација 100% без мрсење. Не можам никаде да ја најдам. Дел од лицето ми е суво дури како лишаи, а т зоната мрсна. Ај некој предлог за добра хидратација. Или ако ја видел некој кремава да ми помогне.
Јас го купив гелот за измивање и за акни активирачки гел. Ја немаше целата колекција како на сликата. Пенестиот гелот за миење е предобар, гелот против акни не ја имам убаво користено за да дадам мислење. Ама од искуство за други што ја користат била и таа добра. Така ја земав јас, по препорака.
Која крема од iunik може да ми ја препорачате за комбинирана кожа? Немам акни, пиев роакутан до пред 6 месеци, важно ми е кремата да е некомедогена. Се мислев меѓу центела и бета глукан, сепак ми е потребна хидратација и не знам дали центела кремата е доволно хидратантна. Може предлог и други креми
Здраво Дали е потребно дневната и ноќната крема да се од иста линија, или е тотално неважно? Дневната крема што ја моментално користам ја немаат достапна како ноќен крем,па си барам други опции.. Благодарам девојки..
Центела кремата има убав состав, ама не е доволно хидратантна за нејзино самостојно користење. Бета глуканот не ја имам пробано за да споделам искуство, но како што видов по составот таа е похидратантна од зелената. Тотално неважно, се додека производите се добро формулирани и не содржат иритантни состојки. Од една страна има шанса производите од иста марка да се надополнуваат едни со други отколку да се користат производи од различни брендови и линии, но од друга страна секоја кожа е различна и не значи дека ќе одговара иако е од иста линија. Еве јас конкретно користам производи од 4 брендови, вклучувајќи различна дневна и ноќна крема. Се додека користиш крема со убав состав и наменета за твој тип на кожа нема да имаш проблем.
Здраво Ја користам зелената крема на Конопка скоро 2 месеци и сум задоволна Ама вечерва да ставам гледам структурата ко да и се сменила, некако ко зрнца да имаше кога земав да ја мачкам на лице. Ви се случило вакво нешто? Не вајда да е расипана? Ја чувам во огледалото од тоалетот. Никогаш не ми се расипало ништо таму
Го користел некој овој крем и овој серум? Ми ги пофалија многу ги купив денес. 34 години со сува и дехидрирана кожа
Ти благодарам Моментално оваа ја користам насабајле, или повеќе е за навечер? Не знам дали правилно ја користам, не пишува дали е дневна или ноќна а овде ве читам и ми се чини оти има некои правила.. Ќе ми помогне ли некој?
Здраво Феминки, сакам да го споделам со вас моето најново откритие кое буквално ми стана љубов. На инстаграм наидов на профилот self.love.station_macedonia, каде што се продава козметика од италијаснко потекло, со неколку сертификати за природна и органска козметика. Имаат и парфеми, накит и други производи, но јас до сега само козметиката им ја имам пробано. Цел живот се мачам со акни на лицето и имам пробано буквално се што сум видела и слушнала, па ајде си реков да му дадам шанса и на ова. Купив чистач за лице и крем за лице со слуз од полжав и витамини и лицето буквално преку ноќ почна да ми се чисти, за две недели видов резултати какви што не сум видела ни со креми и препарати кои ми ги препорачувал лекар. На мајка ми сега и купив дневен и ноќен крем против брчки со магарешко млеко, исто и она е презадоволна. Само имајте во предвид дека нарачки кон Италија пуштале еднаш месечно и може да чекате малку подолго додека да ви стигне производот кој сте го нарачале (2-3 недели). Топло ви ги препорачувам и баш сакам да слушнам искуства ако ги пробала и некоја друга од вас.
Ве молам препорачајте ми крема за лице за хидратација. Имав мрсна, односно комбинирана кожа, но сега ја осеќам како дехидрирана, на некои места како да се перути. Пс. Ноќна крема Како дневна ја користам на Биодерма тонираната со спф 50