Девојки ми треба добра хидратантна крема навистина добро да хидрира и да биде природна. Бев на терапија роакутан и пределот околу очите и на челото имам флеки каде се перути кожата и изгледа многу не чисто некако. Пробав крема на виши и една друга но многу ме пече лицето при нанесување и потоа околу 1 мин. Единствено не ми правеше вака кремата на ла рош цицапласт но една членка ми имаше пишано дека не била хранлива кремата па затоа незнам дали пак да ја земам бидејки ја потрошив Само да не биде белина или Дм бидејки не сум Мк. Секоја препорака ми е добредојдена
Види ја на кремата на Новексперт со масни киселини. Знам дека рече да не е од Белина ама производите од Новексперт бидејќи се француски би требало да ги има низ Европа.
Штом сакаш природна би ти ја препорачала од Лавера, само избери си за твојот тип на кожа, со нив никогаш не сум имала утка. Ако си Германија, Швајцарија, таму и цените се поефтини од овде а има многу поголем избор.
Centella e одлична крема но сепак би рекла дека е попогодна за летен период. Лесна е, смирува црвенила и никогаш не ме нафрлила. Сега почнав да ја користам hydration station од geek and gorgeous,исто e гел крема но мислам дека за нијанса повише хидрира од таа на iunik,меѓутоа јас во рутината скоро секогаш ставам хијалуронска за плус хидратација.
Revox Japanese Ritual Light Texture Cream Лесно се апсорбира на кожата, како крем - гел доаѓа. Препорачана за 40+, овозможува хидратација ама не голема. Според мене, повеќе е за нормална отколку за сува кожа.
Па секако не се става во близина на очите јас по малку ставам, нормслна количина и немам проблем. Кремата е ноќна , ноќните креми треба да се похранливи
@koritsaki Kade da gi najdam kremite na Mossa? İ koja bı mı ja preporacala za suva koza za hidratacıja?
Во Белина Настел тафталиџе, Ист гејт или од нивната страна https://www.bellina.mk/p/1052/youth...a-suva-i-senzitivna-kozha-50-ml?categories=94 Оваа е за сува кожа наменета
Ви благодарам на сите совети. Оваа ја зедов како дневен крем,надевам се ќе ми се погоди на лице. Имам комбинирана кожа..
Дали сите користите и ноќна и дневна крема и дали навистина мора да ги користиме? Се плашам дека лицето ми е станато зависно од skin-care производи, па си размислувам гласно нешто. Пробав неколку дена да не користам никакви креми и кожата ми стануваше одма сува, безживотна, некои линии ми се продлабочуваа и се појавуваа, а кога користам крема немам ништо, никаква линија, никакви неправилности. Сабајлево ставив крема и одма добив свежина и нормален изглед. Дали е здраво да се користат креми од тинејџерски години па се до старост? Од 16 години редовно употребувам крема секој ден, па се запрашав, дали без употреба на тие производи лицето ќе ми изгледаше полошо или подобро? Дали во 30тите ќе имам бенефити што користам креми од млада или штета?
Многу од кремите се чист маркетинг т.е немаш никаква придобивка евентуално хидратантните креми се маст хев и може да превенираат брчки и креми што ја потхрануваат кожата со Е, Ц и А витамини, тоа дневна, ноќна се чиста глупост.
Најголем дел од СФП (заштитен фактор) и е поштетно отколку сонце за тие 10мин што сме надвор. Баланс е најважно. Користење креми во тинејџерски години е ок се´ додека се лесни и хидратантни. Потоа почнаа опседнувањата со креми кои не соодвествуваа на годините и лаици од инфлуенсери кои советуваа дека било „подобро да се спречи“ па 20 годишни почнаа да употребуваат креми наменети за 50годишна кожа. После тоа дојде трендот на серуми и оптоварување на кожата со прекумерни и пречести пилинзи, серуми и тоници, а голем дел од нив не се ни потребни за млада кожа. Сонцето е голем пријател на телото па овие инфлуенсери што се кријат од него како да се вампири почнаа да ми стануваат одбивни, особено затоа што не излегуваат од дома или излегуваат на 5 мин, а урлаат како треба да се употребува СПФ. СПФ е потребен, но не за тие 5 минути што ќе ги поминеме надвор.
Не. 30+ години користам само нивеа Family, за се'. И за раце и за лице и за нозе и за стомак и за дупе... И тоа, оти ме нервира да ми е сува кожата и да ми 'шушка', гадно ми е.
Најдобро ти е само хидратантна крема да користиш. И најважно е вода повеќе од два литри на ден, многу овошје, зеленчук и салати. Да си позитивна, да слушаш музика. Да шеташ на свеж воздух и сонце. Како сето ова не помага ниту една крема.
Јас освен миење со гел и обична хидратантна крема, друго не ставам. По потреба и спф ама не секојдневно, само ако подолго време сум излезена. Тие вит Ц, ретиноли, тоници не ставам, рачунам понатака. Немам ни толку пари сега за све тоа Инаку баш сум приметила дека во периоди кога повеќе ставам крема и шминка и други тракатанци на лице, повеќе ми се прават акни и полошо ми изгледа лицето. Инаку ко што ти кажаа, и исхраната влијае на кожата.