Хидратантни креми се да, ноќна и дневна од иста колекција од овие од дм марките што се. Имам и клинсер, друго не користам. Спф искрено не користам, некако ми сметаат и мрсни ми се, освен на плажа не, за нив мислам дека е маркетинг.
Не е маркетинг. Озонот ни е оштетен и немаме доволно заштита од УВ зраците, како пред 50-60 години. Исто е опасно во солариум. Колку повеќе си на сонце без заштита, толку е поголема шансата да заболиш од рак на кожата *Да не прам муабет за изгледот: пеги, флеки, тенка кожа, повеќе брчки
Едно исто сонце имаме, не може да се менува. Значи да беше маркетишки трик немаше луѓето да имаат пеги. Еве гледај на оваа страна и запрашај се дали би сакала да имаш и ти, и бројни иритации и не дај Боже рак на кожата.
Не мора да се трупа лицето со милион работи, доволни се 2-3 производи. Јас имав многу неправилности на лицето порано и сега овие неколку години што користам спф секој ден, лицето ми е многу почисто. Има спф креми што не се мрсни , треба да се пронајде вистинската за вашето лице според типот на кожа. И хидратацијата е најважна. Со тек на годините кожата се менува, пример чувствувам дека кожата ми беше поразлична во 20тите години од сега на 33 год. @Stormii Дневната крема би требало да има некој мал спф , а ноќните креми се погусти и треба да даваат поголема хидратација на кожата. Јас сум за користење на дневна и ноќна крема од иста линија особено.
Nıkakva. barav da kupam nekoja hıdratantna, slucajno zemav od kerka mı na Mustela so avokado ı premnogu mı se dopadna,sega taa ja korıstam Dosega ne sum korıstela posebnı kremı a zasega ımam krıstalno cısto lıce..
Фала ви. Ги нарачав вчера двете, сега гледам дека ја пак си останав без ноќна крема а лицево почнува да ме пече веќе 2-3 дена сум без крема.
Првата е полесна, гел формула, втората побогата и потешка. Првата обично за комбинирана/масна кожа, втората за нормална кон сува.
Првата ја користев на времето кога почнав да користам серуми. Многу убава ми беше, за комбинирана кожа. Лесна е.