И двете се добри за комбинирана кожа, таа десно е ноќна крема, а другата можеш два пати дневно да ја користиш
Ме привлече она visibly brightens, а и желе звучи освежително. Тогаш некој да препорача крема што помага за пеги/флеки? Во бременоста ми се направија и уште ми стојат, ме нервираат.
Исто и јас го користев, ништо посебно така лепливо беше неубаво чувство на лицето. Иначе за акни, флеки производите на La Roche се многу добри. Имаше од таа фирма серум против флеки. Поскапи се, но кремата која ја користев против акни ми помогна многу.
Јас ја имам таа со пептиди и е катастрофа. Ми го пресушуваше лицето иако имам комбинирана кожа. Почнав да користам корејска козметика и навистина е незаменлива.
Па јас користам од различни фирми: Axis-Y, Purito, Cosrx, Beauty of Joseon, Heimish... Разгледај на coslovemetics.mk , а и пребарај на Тикток/Инста за Корејска козметика, ќе видиш какви резултати има.
Јас сум задоволна и од двете, прекрасни се. Виолетовата е некако полесна и дава поубава хидратација, а таа со пептиди кога ќе ја нанесам малку затега, ама после некако го измазнува и некој природен сјај му дава на лицето. Би ги купила и двете повторно.
Да, Coslovemetics е исто што Bebe home и има продавница во Сити мол. Колку што видов ќе ги одделат продавниците и Coslivemetics наскоро ќе има посебна продавница.
Ги имам користено првите две, од втората сум многу задоволна, дава добра хидратација, спречува појава на нови брчки. Редовно ја купувам, често ја користам и наутро и навечер, ама сега како затоплува времето, само навечер ја користам. Не е тешка на лице, мала количина е доволна за цело лице и врат, се упива убаво и дава убава нега. Првата беше ок, ама ретиноли почнав да избегнувам иако се препорачуваат на мои години, па ја фрлив недотрошена. За третата немам искуство.
Првата се користи само навечер , на почеток еднаш неделно, после по два пати. Добро комбинирана со соодветна нега на лице има резултати.