Последните неколку месеци ја купувам Embryolisse Lait Creme Concentre и сум презадоволна. Претходно ја користев зелената крема на Some by me ,и таа не беше лоша реално, но оваа повеќе хидрација му дава на лицето.
https://www.bellina.mk/p/386/nourishing-krema-za-litse-za-normalna-i-suva-kozha-50-ml Оваа би ти ја препорача за дење и ноќе бидејќи е универзална. Или Ноќна верзија оваа https://www.bellina.mk/p/1054/youth-defence-regenerirachka-nona-krema-za-site-tipovi-na-kozha-50-ml
Здраво девојки, не најдов соодветна тема, а читнав дека тука се бараат совети. Ми треба совет за лесна дневна крема, нешто за преку лето. Нормална кон сува, но сензитивна кожа. Не сум во МК така да може и совети за нешто што го нема во МК. Ви благодарам.
Го имав пред некоја година кремчево мене искрено не ми се допадна , не е лошо вака ама не видов некоја хидратација ниту сјај..
Девојки, дали знаете каде можам да ја најдам кремата на Др.Конопка во зелено пакување, таа за нормална до мрсна кожа? Гледам дека на Белина пишува coming soon но не знам временски тоа колку долго би било. Или ќе ве молам препорачајте лесна крема за секојдневна употреба за комбинирана кожа склона кон акни.
Таа крема ја имаш и во Космо тинекс Јас и од оваа бев презадоволна https://www.bellina.mk/p/1053/vitamin-cocktail-5-vo-1-dnevna-krema-za-site-tipovi-na-kozha-50-ml
Дали ова се кремите од веледа што се користат за лице? Затоа што во опис пишува се користат и за раце, тело... Ако се тие, која е подобра за сува кожа?
Тие се. Light е со полесна формула, rich е баш мрсна, богата крема и искрено не знам која да ти ја препорачам зашто јас еве со комбинирана кожа ги користев двете и ми беа ептен погодени. Полесната ја користев пролет-лето-есен, потешката само во зима и ептен ме спаси, а не ми го правеше лицето масно. Расчепкај swatches од двете креми на Гугл и види која структура повеќе ќе ти фати око. Можеби со оглед на тоа што (ќе) се стоплува, подобро би било да ја земеш таа со полесна формула.
Девојки тие кои се соочувате со еден тип на црвенило како розацеа а имате искуство кој е подобар моментално на акција се во Зегин