Јас ја користам Биодермата ама со фактор 50, не знам дали е на попуст ,ама многу ми помага да не ми се воспалува розацеата ни на најмало сонце.
И јас би одела со таа искрено за црвенило некако најдобро има состојки бидејќи ја немам пробано ама по состојки би рекла дека е подобра
Дали можам да нанесам една врз друга крема Т.е едната со фактор 50, другата хидратантна без фактор? Морам со фактор да нанесувам бидејќи штом пукне сонце веднаш ми се прават пигментации…
@Mishela меѓу Embryiolise lait creme и Weleda која е подобра за секојдневна употреба за сува кожа? Некако ми е шубе за Weledata, затоа што е сенаменска не само за лице...да не е како да ставам нивеа, сештонаменска. Сакам убава крема за суво лице, ако имаш било каков предлог пиши дури траат акциите да земам некоја
Embryolise ја немам пробано, навистина не би знаела да ти кажам. Но, за Веледата воопшто не се секирај - нема споредба со Нивеа, едноставно класи над онаа класичната Нивеа е. И по составот и по сето останато. Мислам дека се погоди еден период кога доста членки овде се погодивме да ја користиме во слични периоди, не се сеќавам некоја да беше незадоволна. Ама ако не ти е битно да е нешто природно, а сакаш да е пак нешто убаво, јас би рекла да видиш каков избор од попустиве има на Uriage. Мислам дека имаше една линија за сува кожа, со плаво капаче е. Eau Thermale пишува на тубичето и исто и од неа има light и rich верзија. Мене light-от ми е пробана и задоволна бев многу. Друго хммм, не ми текнува во моментов, но, генерално ептен сум задоволна од Weleda, Fleurance и Uriage. Од Fleurance користев повеќе, ама таа со арган најмногу ми се допадна. Има некое rose gold метално капаче, класично кружно кутивче - нема да ја утнеш.
Јас. Убава е и лесна многу ама мене искрено не ми дава доволно хидратација. Како гел крема е, ако имаш масна или комбинирана кожа мислам ќе ти се допадне.
Фала ти ми ја препорачаа од coslovmetics да ја земам. Јас ја имам од im from vitamin tree и таа ја користам, ама е геласта и исто имам чувство дека не ми дава доволно хидратација. Имам комбинирана кожа, не е нешто ептен мрсна на пример ама за навечер сакам нешто похидратантно. И за навечер ли ја користиш? Се мислев и за кремите на Dr.Jart , ама па да не се мрсни за мене
Јас ја користам од пред некој ден и се сложувам целосно. Дури за масна кожа не е доволно хидратантна. Откако ќе упие ко воопшто ништо да не си ставил. @koritsaki, geek and gorgeous се супер бренд и ако не се лажам имаат уште една хидратантна крема која по состојките верувам дека би била похидратантна. Јас имам многу комплицирана кожа, затоа ја одбрав оваа со многу едноставна формула и ќе продолжам да ја користам, ама ако немаш проблеми, верувам дека имаш подобар избор од оваа.
@Ketchup тогаш не ја купувам од нив има и една друга, да , пишува дека е потхранувачка па мислам да ја пробам https://coslovemetics.mk/product/geekgorgeous-happier-barrier-50ml/ Се надевам дека нема да е тешка. Ќе отидам на лице место да видам каква е
Исто и јас ја користам, веќе при крај на второ пакување и ми е топ. Инаку имам комбинирана кожа и себороичен дерматит и баш ја одбрав поради тоа што е fungal acne safe. Некогаш ја ставам под спф за преку ден, а навечер ја мешам со 1-2 капки сквалан.
Супер јас ја земав happier barrier вчера, два пати ја ставив на лице, вака хранлива е, иако мрсна ми е кожата супер е