Да да, можеш секако, можеш и оваа да си ја користиш и како дневна и ноќна , ако не ти прави некој проблем слободно користи ја
Супер ти благодарам многу, може наутро пред спф да ставам од таа на виши а на вечер од таа на конопка Мислев да не прави некој проблем бидејки е со ВHA
Па веројатно не е чист Bha и можеби е помал процент, крема дека. Ама јас би ти рекла Конопка наутро + спф, a оваа навечер. Да не ризикуваш.
Не би требало да прави проблем, читам на нивната страна дека се препорачува да се користи наутро и навечер.
Ме интересира дали може розовата пантенол крема на галеника да се користи секојдневно како хидратантна крема
Ако ти одговара, слободно користи ја. Во периодот кога носевме маски мене кожата нагло ми се пресуши и тогаш само пантенол кремата од ДМ ме спаси, мислам дека беше Mivolis. Сега стално ја имам во несесер и ми се наоѓа ептен во периоди кога на лицето му треба нешто вакво, во зима особено ептен ми брка работа.
Мене многу ми се допаѓа целата оваа колекција. Претходно ги имав оваа, кремата што е за околу очи и серумот. Одлични беа сите три. Кремата има лесна формула, но супер хидрира. Мојата кожа е комбинирана, одлично ми одговараше на лице. И за под пудра ми беше убава, но најчесто ја користев самостојно. Дај и шанса, јас со сигурност пак би ја купила кремава, навистина ми се допадна многу.
Јас ја користам во лето, ми одговара ептен, комбинирана кожа имам. Има текстура како мус, не е класичен крем. Дава одлична хидратација, сјај каков што очекував, не, ама кожата е мека после нанесувањето и останува хидрирана долго време.
@LovelyGirl3 Првата крема ја имам пробано , одлична е мене не ми ја мастеше кожата ( масна кожа имам) , многу ми се допаѓаше. Другава ја имав пробано од тестерче и е многу лесна крема.
Да ми препорачате крема за нормална кон комбинирана кожа, да нема гел текстура туку да е кремаста и по можност да се впива брзо. Дали би одговарала за нормална кон комбинирана кожа?