Девојки, мајка ми бара крем за лице, да биде така хидратантно и лесно да го осеќа на лицето. Порано користеше некој од Авон, Care линијата, ама го нема веќе во каталогот. И реков јас ќе и земам, па прво овде да прашам за препорака. Има 50+ години, ама кремчето да биде полесно и брзо да се впива за да и го освежи лицето на сабајле само. Не користи никакви активни состојки, нит креми за сончање, него вака обично кремче за лице и треба.
Може предлог за крема за нормална кожа, да дава некој glow ефект, на здраво лице? Може и препорака за серум во комбинација со кремата?
се согласувам може ама искрено од таа фирма имам видено и малце појаки креми во мислење од состојки сепак и да се спречи брчки и се тоа ама се зависи до кој што си преферира . Оваа им е една од појаките креми за потикнување колаген и за брчки и линии и се тоа. Само се поскапи ради состојките што они ги имаат искрено. https://zegin.com.mk/mk/vichy-liftactiv-supreme-nokna-nega-50-ml https://zegin.com.mk/mk/vichy-liftactiv-supreme-dnevna-krema-za-normalna-i-kombinirana-kozha-50-ml
Се согласувам само види по состојките кои повеќе би ти одговарале и според типот на кожа исто. Иако не се лоши и двете види ги на интернет ако имаат рецензии некои види дали едната е малце пофалена па нс крај ти ќе си одлучиш
Девојки, искуства некои со кремава сензитивна на познатава фирма. Ме интересира како сте задоволни и би ја пробала Може и да ми препорачате друга крема не ми е битно дали е француска или корејска само да сте задоволни и да ми одговара на опис на кожава. иначе имам дехидрирана / сува со склона кон акни и многу сензитивна кожа па морам дс барсм и пробувам. ( имам акни привремено ) https://www.annifarm.com.mk/product/embriolisse-lait-creme-za-custvitelna-koza-100ml/
Ве молам препорака за некоја добра крема или евентуално серум за спречување појава на брчки? Имам нормална кон сува кожа, би сакала нешто лесно, да не ми свети после лицето, а да биде хидрирано. И без брчки
Повели крема мој предлог https://www.lush.com.mk/Celestial-Крем-за-лице А за серум, ретинолот помага за спречување брчки, ако си над 30 моја препорака е да си земеш. Само внимателно со него, наутро и спф ќе мораш да ставаш
На lush имам користено доста производи и искрено од сите сум задоволна. Верувам дека и кремава за лице е добра, само во описот не прочитав дека има некакво влијание за спречување на појава на брчки или измазнување. Заборавив да напоменам претходно, имам 33 години.
Да, мислам дека они немаат соодветна крема за против брчки, ама серумите повеќе би ти помогнале , имаат по концентрирани состојки. Јас почнав да го користам ретинолот на Geek&gorgeous, еднаш неделно моментално. Уште немам некое мислење за него супер е што немам никаква реакција црвенило и сл
Ако може да ми предложите крема за мрсно лице, во последно време и акнички ми излегуваат ( никогаш досега не ми излегувале), а имам и црвенило и по некој испукан капилар. Во мометов ја користам кремата на Geek&Gorgeous -Happier Barrier (мрсна ми е) и серум на Mary&May пептиди, а го мијам лицето со Балеа сензитив. Инаку имам 40+
Zdravo, vidov imash dosta preporaki, mi izgleda kako da se razbirash dosta na temata Sakav da te prasham za preporaka, jas imam 33 godini, nemam nekoi mnogu vidlivi brchki na liceto, mozhebi maaali nekoi liniichki na cheloto no, bi sakala da pochnam da koristam nekoja krema ili serum za prevencija na ponatamoshna pojava na brchki i normalno izmaznuvanje na postoechkite. Kozhata na liceto mi e normalna, ni suva ni mrsna, bi sakala neshto shto bi mozhela da go koristam sekojdnevno ili eventualno nekoja retinol krema/serum za poretko koristenje. Ako imash nekoja preporaka na um, te molam pishi mi. Fala ti.