Здраво, јас би ти препорачала неколку со секако различни цени и можеш да си ги провериш. Некои од овие ги гледам ги препорачуваат и тука и се задоволни а некои и состојките им вредат. https://www.bellina.mk/p/781/basis-sensitiv-anti-age-khidratantna-krema-za-zrela-kozha-so-q10-50-ml Оваа ти е и за хидратација и спречување на брчки и линии https://www.bellina.mk/p/1371/precieux-argan-anti-age-lesna-dnevna-krema-za-litse-od-argan-50-ml Оваа е полесна текстурс но го има арганот внатре и игра голема улога исто за брчки и за хидратација https://coslovemetics.mk/product/dear-klairs-rich-moist-soothing-cream-80-g/ Оваа и јас ја користам, малце е густа ама убава е хидрира ( не е мрсна) и е многу погодена сега за зимски период. Имаш тука церамиди кои ќе помогнат со брчки и текстура. https://www.bellina.mk/p/1066/vlift...nska-nona-krema-za-site-tipovi-na-kozha-50-ml Оваа не ја знам по текстура но има добри состојки и колаген што искрено е потребно. Сквалан за хидратација исто така. Искрено кремата може да ти е најобична само за хидратација, серумот е многу побитен . Но тој за жал не може сам мора со него крема . Серуми би ти рекла со пептиди / церамиди / ретинол слободно можеш со тоа што ретинолот мораш со мал процент и полека да го зголемуваш. https://www.bellina.mk/p/675/actives-serum-so-arginine-27-30-ml?categories=84 моќен ти е овој со протеинот Аргинине така наречено еден од ботокс пептиди со понормална цена. https://www.bellina.mk/p/495/smoothing-serum-za-litse-za-site-tipovi-na-kozha-30-ml?categories=36 За овој научив од @Biodevojka дека е добар и дека исто е за такс брчки и хидратација. https://www.bellina.mk/p/1863/re-en...dratatsija-na-zrela-kozha-30-ml?categories=88 И овој исто би рекла дека е добар според состојките За ретинол ако сакаш пиши ќе ти предложам и за него серум или крема
Од сите креми кои досега сум ги користела, најмногу ми се допадна оваа на Evolve со пептиди, која ја земав во сет со серум со хијалуронска киселина, гел за околу очи со хијалуронска киселина и нежен пилинг за лице.
Сега го гледам мислењево ама што е со цениве мајка ми ја користи кремава на Виши и јас и ја купувам за 26 евра дневната од Грција. Претеруваат со цениве значи..
Јас ја имам користено но не видов никаква разлика, не ме воодушеви ништо посебно. Иначе има многу јак мирис што ми ја иритираше кожата (имам доста чувствителна кожа), има и леплива текстура.
За жал кај нас што повеќе профит може да имаат и да зимаат пробуваат. Да бидеме искрени големи фирми јаки се немаат потреба од толкави цени во македонија едноставно не секој сака да даде толку пари и секогаш може да се најдат тие состојки за поевтино
Топла препорака за кремава на Оливал за сите со сува/дехидрирана кожа. Ја користам и како дневна крема, за зимскиве месеци е идеална. Ја нанесувам со блага масажа, не остава мрсен траг, има убава свиленкаста завршница. Дава убаво чувство на мекост и нахранетост. Ја купив од ДМ, 890 денари.
Оливал како што ги гледам по некој серум стварно добро се покажуваат и по состојки некако се одлични и добри. Мило ми е што ти се погодило и што го сподели тука
https://elloxy.mk/?product=eyenlip-intense-rich-active-cream-100ml Не е масна, не е тешка, а не е ни гел крема. Толку е хранлива, хидратантна во исто време и многу пријатна на кожа. Многу интересна текстура, лицето го прави премазно, ептен е добра, дури и за помасна кожа И е на 25 % попуст
Кремава ми е фаворит. Одлична за ова време, но ја ставам и во текот на цела година. Од органски креми, медицински, корејски, скапи, вакви, такви, кога сакам добра хидратација и да ми го смири и омекне лицето, секогаш ја користам оваа крема. Ако добро се сеќавам ја открив по препорака на Kattzia. (Баш ми фалат нејзините постови )
Рецензија тајм Кремава ми беше со месеци во кошничка за да ја пробам и ме копкаше многу и на крај се одлучив да и дадам шанса да видам како ќе биде на некој што има многу сензитивно лице склона кон проблематика и дехидрирано. Има работи кои ми се допаднаа и не ми се допаднаа секако. Да почнам од тоа што не ми се допадна е само дека има мирис и тешко се вади продуктот . Има и верзија без мирис ама кај нас не беше достапна или ја немаше не се сеќавам па се одлучив за оваа, мирисот не е ништо страшно како природно е само при ставање само се мириса после тоа се губи. Тоа можам да го премижам ама колку стискање ми треба за да извадам производ тоа стварно не ми се допадна .. Тоа е отприлика што не ми се допадна сега идеме на добрите работи. Ми се допадна што не е тешка, не ми го оставаше лицето мрсно ниту да ја осеќам кремата / текстурата . Одма се впива и малце си треба заразлика од други креми што ги користам . Не ме исфрли туку напротив ми помага и си делува на некои акни што ќе си искочат и си се совпаѓа со другите производи што ги користам додава одлична хидратација. Не ме исфрли така да би рекла безбедна е за тие што имаат проблематика и се склони кон акни. Но секогаш треба да се проба сите имаме различна кожа и знае различно да реагира. Погодена е за секој тип на кожа тоа ми е мило и за секоја сезона е топ. Погодена е и за сензитивна кожа и за тие што сакаат крема со најобична текстура а при тоа да има убави состојки како што тука е црниот ориз. Гледам убави резултати но најјубави ќе видам кога ќе ја искористам цела крема за да заклучам на крај колкав бенефит и каков добив но засега сум задоволна и го гледам бенефитот. Исто можам да кажам под шминка е топ, ( носам бб крема за пудра не знам..) но заразлика од други креми не ми се љупеше и убаво ја измазнува кожата баш како прајмер.
Женски кај можам да ја најдам кремата за лице од Каротен со 50ка фактор? Мислам од секаде дека е повлечена. Ако не таа, предложете друга обична крема со 30 или 50 фактор.
И јас исто тврдам за кремите на Оливал. Предобри се сите три (за сува, комбиниранадо нормална и масна кожа)/ Малку состојки прекрасно искомбинирани едноставно прекрасни. Имам неколку вудеа направено за нивната козметика
Moze li mislenje za Bioten kremite za lice? Kade se proizveduvaat? Dali ste zadovolni? Konkretno me interesira za zrela koza Fala
Луѓе Јас почнав со проблеми на лицето да имам.Псоријаза ми се појави во зимскиот период. Кажувајте медицинска крема со која би се негувала освен Bluc up?
Дали некој користел крем за лице околу очи и врат од виши, неовадиол фито скулпт Ние дома за псоријаза и егзема порачуваме од Битола, ни ја прават, сега дали се мачка на лице таа за псоријаза не знам, да ти дадам број да прашаш